Забаров ме мафта нешто, во понеделникот ми вика забот е во ред, од непцата ми било, требало време да легне непцето поради мостот да се стабилизира, да мачкам со гел и ако имам болки да земам Кетонал, да сум почекал некое време.
Што/колку да чекам, секој ден ми трне или боли и кога ќе почне не престанува кога ќе се активира, дали после јадење, миење или ако легнам на таа страна.
Вчера вечерта на јадење почна да ме боли тој 6ката, од притисокот од џвакањето...денеска сабајлево само што станав од што спиев на таа страна почна да ме боли, кога јадев после уште повеќе. Не е некоја јака болка ама пак боли.
Ќе отидам утре пак и ако нема разбирање овој ќе отидам на друго место да ме ѕирнат.