- Член од
- 17 ноември 2010
- Мислења
- 2
- Поени од реакции
- 0
И јас планирам да направам нешто слично.Да си споделам едно искуство и јас со забите.
Се решив за ставање порцелански заби, долга приказна, комплицирана уста имав, со консултација на специјалистот стоматолог решивме цела горна вилица да ја покриеме, долниот дел исто така горе долу и заради забите кои беа оштетени и заради естетика
Да не должам што како само ќе кажам дека три месеци останав на забар.
Па тоа лечење заби па вадење умници, 6-ки, 7-ки па антибиотици оти имав инфекција и што уште не.
Откако ми ја исчисти убаво устата почнавме со процедурата, леле мори мајкооо, ни сама не знам колку локални анестезии ми има ставено во овие три месеци.
Од болка немав толку мака туку од самиот стрес, 3 и пол часа горниот дел 3 часа долниот, па тоа средството што го става околу заб за мерка да земе
22 заби вкупно, финансиски не ми се ни збора ама така ми е кога не си одев редовно на забар, трпи сега за убајна.
За една недела конечно ќе имам полна уста и убави заби, пресреќна сум.
Совет : Одржувајте редовно хигиена, одете на контрола иако имате навидум здрави заби за да не кркате голгота како мене, ништо не е страшно ништо не е е болно
Дали ќе сакаш да ми кажеш кај кој доктор и во која стоматолошка ординација ја спроведе целата процедура?