Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Се запознавме и се дружевме заедно од средношколските денови. Не толку интензивно, ама сепак таму започна нашето заедничко патување. Беше покрај мене и во радост и во тага, во солзи и смеа. Поминавме заедно прекрасни моменти, толку години беше покрај мене и знаеше точно како да ме смириш.
После толку години заедничко дружење, време беше за разделба.
Пред точно 1 месец се разделивме конечно засекогаш.
Дали ми недостасуваш?
Дали те сонувам?
Одговорот е ДА. И ми недостасуваш и те сонувам. Се трудам да не те мислам. Се трудам да те заборавам. Знам дека ќе успеам. Идиот сум. Ќе успеам. Барем за тебе сум сигурна дека ќе успеам без тебе.

Збогум, Никотину:backa:
 
Куче усмрти дете, молк од АнимаДунди и останата џукцољубна багра, да беше убиен или изгубен некој лингур сега ќе ечеше по социјалните мрежи.
 
Драа после 11 години влегов у Фичо .... Пак ....

Кога че го палиш ... Па тој демонски звук ........ Па тоа ко на зубар бурмашината ..... ВиииииВииииииВииииииииИИИИИИИИИИИИИИИИИ

ТАТОООООООООО !!!!


Шо ме тераше да му го изнесувам од гаража :LOL: :LOL: :LOL: :LOL:



 
Драга

Неверојатно како немам среќа со пломбите, ставив една пред година и пол, кобајаги квалитетна и еве ја, ми испадна...
 
затоа ќе си ставиш златен заб како мене, кајдае до пензија сите ќе ми бидат златни, конечно ќе ми се исполни желбата да имам златни заби како тие на i need $ од how high со method man и redman.

M-Qz_M.gif
 
До каде стигнавме? Сопругата веќе ми е влезена во 19-та недела од бременоста, за околу 4 месеци ќе станам татко. :icon_mrgr: Едно мало, мало жабче ќе почне да ни лази низ дома, ќе ни го краси домот, ќе ни го разубавува секој можен ден, ќе не радува и исполнува во животот.:)

Со жена ми пред некој ден се смеевме:icon_mrgr:, баш ме интересира дали синчето ќе го наследи мојот Македонски тен или цело ќе биде плаво Германче на нејзе, а можеби ќе биде еден прекрасен Македонско-Германски микс. :) Апсолутно сеедно, за нас ќе биде најмилото и најубавото на светов.:)

Животот е убав! :)
 

Пуста љубомора разединува, само песна нас не обединува, не е важно тоа кој од каде е треба сложно да се живее.

Душмани од завист да позеленат, срца наши да се веселат, љубомора пуста нив ги убива, кога некој вака ужива, никој ништо не ни може, само песна дај ни Боже
БУМ БУМ, БУМ БУМ

:oeoeoe:
 
Последно уредено:
Драга

Би му дал совет на братов над мене како да си го види братот, ама и него една твоја членка ке мисли дека го заебава и навредува тоа што го кажува. :icon_lol:
 
Нема зборови што можат да опишат колку ја обожавам Франција. После рано-пролетна посета на Колмар со моторот, одушевен сум од нивната култура. Само почит. Браво.

It's like.., нација од поети, скулптори (статуата на слободата е излеана во ова чарминг градче), нежни мирни жени печат еклери со фил од фстаци, ги редат на плочи од зелен мермер да се изладат. Мирни мажи читаат весник со кафето во кафеани - шо че ти го пукнат носот и че те згмечат од чотек ако се сетат загрозени од тебе на било каков начин.
Тоа се славните Франки, :backa: живеат во полутрупочни куќички со камени покриви шо сијаат ко да се потурени со црна писа. Од далеку гледаш, и сфаќаш, овие и Господ Бог ги сака.

Никогаш не би им љубоморел. И да се подобри од мене, нека се - супер. Не љубоморам.
 
Последно уредено:
злите јазици (а ги има) че тврдат дека Тхаи Фуд била нај

#Елсас #Дојч #Франсозиш #УбавицатаИЅверот

1.jpg
2.jpg3.jpg4.jpg
5.jpg
6.jpg
7.jpg8.jpg
9.jpg

ГРАДБА ДОСТОЈНА ДА СЕ НАРЕЧЕ - ДОМОТ НА МОЈОТ БОГ

11.jpg
12.jpg
13.jpg
14.jpg
15.jpg
17.jpg
19.jpg
20.jpg21.jpg
20230412_095218.jpg


99,999999 посто сум сигурен дека Убавецов/Убавицава е свесен за тоа колку беспрекорно изгледа.
Птица на Моногамијата. Ако им почини партнерката, остатокот од животот го поминуваат во местата во кои живеела. Читав дека, ако секој ден врвиш покрај реката, ќе те запомнат - извонреден интелект и остар вид. Како бело памуче на карпата. Го опсипав со комплименти на Македонски, Германски и Француски. Буквално стојам на мостот и du susser, du hubscher, du engel!!!!

20230412_095010.jpg
 
Последно уредено:
Уште не ме напушта лошото чувство од коментари на луѓе дека родителите се виновни на осум годишното дете што почина искасано од комшиското куче. После реториката и тонот што ги користат таквите луѓе, очекуваш да прочиташ и едно злобно: Па така им треба! :(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom