Заби и сѐ во врска со забите

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.737
Поени од реакции
18.483
Прашањето ми е како да го подобрам здравјето на забите? Забарот ми вели дека имунитетот ми е намален, ама мене ми е смачено да фаќам гној да пијам антибиотици и да вадам заби мислам сите еден по еден ќе ги извадам вака. Ве молам некој совет ако имате.
Пробај со ова, пиј секој ден 6 месеци: Витамин D3 2000ui + K2 (mk7 - најмалку 90mcg) како и цинк цитрат 15mg и 3x500mg витамин Ц на ден, најдобро содиум или калциум аскорбат, со секој оброј по 500мг витамин ц, додека се друго зимај насабајле со доручек кој ќе содржи здрави масти (путер од кикирики или од ореви - бадеми-лешници)

Исто така, јади повеќе моркови и печена тиква, и доматно пире (не кечап)
 
Член од
13 март 2014
Мислења
691
Поени од реакции
142

Ти благодарам, ќе пробам.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Имам 2 извадени заби заради тоа што во корен фаќаат гној, последно на трет заб фатив гној го лечевме со антибиотици се повлече гнојот пред 2 месеци..сега пак почна да мр наболува имам закажан термин ама тек впеток. Прашањето ми е како да го подобрам здравјето на забите? Забарот ми вели дека имунитетот ми е намален, ама мене ми е смачено да фаќам гној да пијам антибиотици и да вадам заби мислам сите еден по еден ќе ги извадам вака. Ве молам некој совет ако имате.
Ако имаш простор зголеми ги контролите на 3 месеци и прави панорама на секое одење.
Јас откако одам често и ги снимам, не сум довел заб до умртвување. Зема пари и време, ама е поефтино од губење на забите.

Друга работа да провериш да не ги гризеш или вклештуваш во спиење, јас бев со втората мака и оштетив здрави заби пред да почнам да носам гумица/штитник. Ако го напукнеш забот побрзо ќе влезе храна внатре и ќе се расипе (лаички ти кажувам како што ми објаснуваше стоматологот, овде @GavolRulz може да ти објасни постручно).
 
Член од
21 октомври 2023
Мислења
5
Поени од реакции
2
Едно прашање.
Имам проблеми со забите, неколку, секој ден четкање и чистење, чистење кариес на заболекар и пак расипани се испокршија неколку и само корените остана.
Ме интересира колку кошта од заб да се стави со шраф порцелански, знам е скапо ама незнам колку кошта од прилика, околу 4 до 5 заби не се добри.
Фала многу
 
Член од
13 март 2014
Мислења
691
Поени од реакции
142
Ако имаш простор зголеми ги контролите на 3 месеци и прави панорама на секое одење.
Јас откако одам често и ги снимам, не сум довел заб до умртвување. Зема пари и време, ама е поефтино од губење на забите.

Друга работа да провериш да не ги гризеш или вклештуваш во спиење, јас бев со втората мака и оштетив здрави заби пред да почнам да носам гумица/штитник. Ако го напукнеш забот побрзо ќе влезе храна внатре и ќе се расипе (лаички ти кажувам како што ми објаснуваше стоматологот, овде @GavolRulz може да ти објасни постручно).
Што се однесува до снимката, да е до мене би ги снимала на аекое одење ама заболекарот не препорачува бидејќи е сепак снимање нели велат штетно било често дури и 1 пати годишно што ги снимам вели дека е многу.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Што се однесува до снимката, да е до мене би ги снимала на аекое одење ама заболекарот не препорачува бидејќи е сепак снимање нели велат штетно било често дури и 1 пати годишно што ги снимам вели дека е многу.
Јас колку што знам не е толку страшно, ете нека се 2 снимки годишно, чисто се сомневам дека може да имаш мака од тоа.

Еве што вика FDA:
.

CT на пример е неколку десетици пати појака радијација, па ако имаш скршеница или нешто посериозно може да те пратат и повеќе пати во текот на една година.
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
36
Поени од реакции
4
Дечки ми треба една информација, дали знаете колку чини правење на мост, недостасуваат 2 заби треба да се спојат со 2, значи ќе треба да се поправат вкупно 4.
??Благодарам однапред
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.697
Поени од реакции
11.510
Дечки ми треба една информација, дали знаете колку чини правење на мост, недостасуваат 2 заби треба да се спојат со 2, значи ќе треба да се поправат вкупно 4.
??Благодарам однапред
Во Скопје метал керамика околу 70-80 евра од коронка, фул цирконија 100-120 евра, цирконија со порцелан над 150-200 евра.
 
Член од
11 февруари 2024
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво,

Треба да исчистаѓм забен камен и полирање/пескарење. Колку чини таа услуга приватно и дали може дa ми препорачате добар забар во Центар или околината на Центар во Скопје, што добро чисти забен камен?

Фала однапред!
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.697
Поени од реакции
11.510
Здраво,

Треба да исчистаѓм забен камен и полирање/пескарење. Колку чини таа услуга приватно и дали може дa ми препорачате добар забар во Центар или околината на Центар во Скопје, што добро чисти забен камен?

Фала однапред!
Околу 2-3.000 ден.

Чистењето забен камен не е некоја филозофија, секој забар може добро да го исчисти ако не го мрзи :)
 
Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.841
Околу 2-3.000 ден.

Чистењето забен камен не е некоја филозофија, секој забар може добро да го исчисти ако не го мрзи :)
3000 за чистење забен камен?
Па све отишло у пм...

Sent from my SM-A405FN using Tapatalk
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.697
Поени од реакции
11.510
3000 за чистење забен камен?
Па све отишло у пм...

Sent from my SM-A405FN using Tapatalk
Приватно забен камен + полирање + пескарење.
3 работи се, плус бара стоматолог во Центар Скопје :)
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.631
Поени од реакции
34.020
Приватно забен камен + полирање + пескарење.
3 работи се, плус бара стоматолог во Центар Скопје :)
sto e peskarenje?
jas u Strumica privatno plativ prosli mesec 3200 za dvajca, 1600 po covek dodeka lani da kazeme se dvizese okolu 1200 po covek ali 3000 po covek bravo, taka se postuva zanaet
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.697
Поени од реакции
11.510
Отстранување на цврсти наслаги и пигментации со машина која исфрла соли под висок притисок (и вода).
 
Последно уредено:
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Kajgana Shop

На врв Bottom