Darklady
Модераторка
- Член од
- 29 октомври 2011
- Мислења
- 5.718
- Поени од реакции
- 35.489
Се запознавме и се дружевме заедно од средношколските денови. Не толку интензивно, ама сепак таму започна нашето заедничко патување. Беше покрај мене и во радост и во тага, во солзи и смеа. Поминавме заедно прекрасни моменти, толку години беше покрај мене и знаеше точно како да ме смириш.
После толку години заедничко дружење, време беше за разделба.
Пред точно 1 месец се разделивме конечно засекогаш.
Дали ми недостасуваш?
Дали те сонувам?
Одговорот е ДА. И ми недостасуваш и те сонувам. Се трудам да не те мислам. Се трудам да те заборавам. Знам дека ќе успеам. Идиот сум. Ќе успеам. Барем за тебе сум сигурна дека ќе успеам без тебе.
Збогум, Никотину