ЕУ без вето

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Никако да добијам одговор на прашањево:

Каде брзаат, односно зошто брзаат Бранко, ЉДФ, ГИРОвски и сл. да сменат име, кога, прво, како отворена можност стои замената на вето за неколку години, и како второ, пред 2016-та НЕМАМЕ шанси за преговори, смениле ние име или не?

Зошто сакаат да сменат име СЕГА?
 
P

Princ

Гостин
Прашањето ада ти е "малку" смешно :)
Зошто воопшто се менува име? Зошто воопшто се преговара за нешто кое има резултат - менување на име?
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Прашањето ада ти е "малку" смешно :)
Зошто воопшто се менува име? Зошто воопшто се преговара за нешто кое има резултат - менување на име?
Тоа е друг муабет.

Тука прашањето е зошто вештачка "итност", особено откако се најавува ратификување на Лисабонскиот договор?

Зошто да се смени во 2009-та, (така бараат Бранко, ЉДФ, Гировски и сл.) кога до 2016, најмалку, не добиваме датум за преговори (а, кога тогаш ќе го добиеме, Грција нема да има право на вето, ако стапи на сила споменатиот договор)

Зошто да не се тактизира и искористи времето?

Реално, ваквото брзање оди во корист само и единствено на Грција.
 

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701
Јас никаде не брзам.
Гледам ти Ада никаде не брзаш!


А кој е*ен фактор се геровски и компанија кажи ми во државава...?

Еве утре јас ако сакам ке организирам трибина со мојето здружение на кое ке се залагам за откажување во членството во Еу еве да речеме на пример поради тоа што нашите предвидувања и проценки се дека неможеме во овој момент да добиеме ништо корисно от тоа членство!
И дека сме против НАТО бидејќи цениме дека на држава како македонија не и чичи да членува во организација која е агресорска и за која ке треб да дадеме наши војници за остварување на куп индивидуални цели на богаташите од САД !!

И што мислиш кој ке добие повеќе приврзаници???
и дали е тоа воопшто важно !!

*********************************************************

Сметам дека господата кои несакам ни на име да ги споменувам (ни господа не им доликува туку ајде.. ) , а кои очигледно се водени од туѓи НЕ македонски интереси -без подржката од народот немаат никаков легитимитет и не претставуваат никаква опасност (ЗАСЕГА)...тие можат да си лаат колку сакат...а ако ние како заедница на кајгана сакаме да искажеме спротивни ставови можеме лесно да го направиме преку наша пропаганда во дневните печатени весници (преку колумни) или електронските веснициц (а најпродуктивно би било преку локалните медиуми ,радијата и телевизиите)..
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Никако да добијам одговор на прашањево:

Каде брзаат, односно зошто брзаат Бранко, ЉДФ, ГИРОвски и сл. да сменат име, кога, прво, како отворена можност стои замената на вето за неколку години, и како второ, пред 2016-та НЕМАМЕ шанси за преговори, смениле ние име или не?

Зошто сакаат да сменат име СЕГА?
Едно време БЦ кога се создаваше независна Македонија не стануваше на Македонската хима, се смееше во очи на луѓето што зборуваа за Македонија. Тој сонуваше за нешто друго, за да после некое време истиот тој одеднаш рипне и рече дека тој е основачот на независна Македонија и дека тој е заслушен за се. Од истите тие причини истите тие глумци брзаат да си го смениме името за да во наредните години кога Лисабонскиот договор ќе стапи на сила почнат да лајат како кучиња како тие биле да го зачуваме името ама Груевски го сменил . Проста математика одат на краткото паметење на народот.:toe:
 

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701
Ако сака грција да ја блокира Македонија ,тоа може да го прави и после донесувањето на лисабонскиот договор!!
ДА точно е тоа дека и го запира ветото !!

НО Грција може и понатаму да ја блокира Македонија преку блокирање на поглавјата при преговорите со Унијата !!
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Лисабонскиот договор, подготвен во 2007 година, кој лани беше одбиен од Ирска, предвидува примањето нови членки да биде со мнозинство гласови на членките на ЕУ, односно се суспендира правото на вето. Лисабонскиот договор се смета за нов устав на Унијата. Со него се редефинираат односите меѓу членки те, односно ЕУ станува поцентрализирана во управувањето и, како што веруваат мнозинството членки, поефикасна.
Според сите најави, новиот Лисабонски договор би стапил во сила пред 2014 година. Ние, како што знаете, очекувавме лани да добиеме датум за почеток на преговорите и да ги завршиме до 2012 година. Но и ова е добро. Има јасни најави дека начинот за примање нови членки ќе остане ист како и во стариот лисабонски договор.
Голема пречка засега е финансиската криза. Во ЕУ сега се повеќе свртени кон самите себе поради кризата
И останува дилемата...ЗОШТО тераат Бранко и неговите поданици како ГИРОвски и остали сега да се смени името?
 

Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
Затоа што САКААТ пари како што САКАА и пред 10ина години како што сака Грујо сега кога го ПЛАЌААТ да преговара.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Затоа што САКААТ пари како што САКАА и пред 10ина години како што сака Грујо сега кога го ПЛАЌААТ да преговара.
Види, да се прекинат целосно преговорите, би значело изолација и осуда на Македонија.
Затоа, најмногу што можеа да направат, е да ја тужат Грција за прекршување на Привремената спогодба.

А, оваа изјава на Грујо, дадена јавно, пред бројни државници...

- Се надевам дека во иднина работите ќе се сменат. Како да им објасниме на македонските граѓани дека нивното влегување во ЕУ - домот на различните идентитети, ќе ги чини нивната слобода да кажат кои се и што се. Дека ќе ги чини нивниот идентитет.
...некако го амнестира од грчко платеништво.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Тераат оти ние си лежиме на едно уво и немаме гајле а тие вадат пари на сметка на нашата земја, националност, јазик, на нашиот труд и пот.
Е затоа тераат така!
Се додека си седиме и само правиме празни муабети исто ќе биде, не само од оваа компанија туку од сите. Човечка природа е да се биде алчен и да се избираат пократките патишта, кога некој гледа колку сме ние пасивни и наивни секако дека ќе го искористува тоа додека се може, ќе ни го набива до даске!
 

Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
Види, да се прекинат целосно преговорите, би значело изолација и осуда на Македонија.
Ама кога преговараш значи сакаш да го промениш името. Нема “калкулирани потези“ тука освен ако не преговараш само за да купиш време додека правиш моќна армија да го освоиш непријателот. А тоа не се случува тука.

Зошто се лаже јавноста дека има разлика меѓу мислењето на Бранко и Груевски? Зошто се оцрнуваат новинари и експерти за ништо? Зошто се ствара вештачки конфликт!?
 
Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
Зошто се оцрнуваат новинари и експерти за ништо?
Какви експерти поБогу?

За што се експерти?...за све и свашта?...Па на една трибина Ѓунеринка е експерт за економија, на друга за надворешна политика, а мислам дека има завршено историја на уметност...
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Ама кога преговараш значи сакаш да го промениш името. Нема “калкулирани потези“ тука освен ако не преговараш само за да купиш време додека правиш моќна армија да го освоиш непријателот. А тоа не се случува тука.

Зошто се лаже јавноста дека има разлика меѓу мислењето на Бранко и Груевски? Зошто се оцрнуваат новинари и експерти за ништо? Зошто се ствара вештачки конфликт!?
Беше јасно кажано во јавни изјави, и тоа не на еден наврат, дека подалеку од двојната формула НЕ се оди, а таа подразбира едно име за цел свет, и друго само за билатерални односи со Грција.
И тоа е таа промена за која се нуди од наша страна, за која се преговара и за која се вели дека ќе се распише референдум. Ништо друго.
Двојна формула е максимумот.

Од друга страна, Геровски и "експертите" велат, Уставна промена на име кое ќе важи за цел свет.
И дека истото никако не се одразува на идентитетот.

Сметам дека разликата е очигледна.

A, поделбата ја прават токму тие. Тие го делат народот на антички и словенски. Тие велат дека едни се модерни,европски, други затуцани и фатени у минатото.

И, пред да прокоментирам за "оцрнувањето на експертите и новинарите" кажи ми за што се тие експерти?
Историја, археологија, меѓунардоно право за спор кој го нема нигде во меѓународната практика...?
Која е нивната експертиза?

Исто, што знаеш за новинарите кои се потписници на "европска македонија" текстчето?
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Види, да се прекинат целосно преговорите, би значело изолација и осуда на Македонија.
Затоа, најмногу што можеа да направат, е да ја тужат Грција за прекршување на Привремената спогодба.
Ада, ова не е точно.Знам дека сакаш да веруваш во тоа ама не е така, жалам.
А, оваа изјава на Грујо, дадена јавно, пред бројни државници...

...некако го амнестира од грчко платеништво.
Можеби го амнестира ама никаде не се спомнува дека името нема да се мени тука само како ќе им се објасни на граѓаните дека треба да си го променат идентитетот. Можела изјавата и многу поконкретна да биде во смисол, ние не можеме и нема со сменет идентитет да бараме прием, нели?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom