ЕП 2016-Група А (Франција, Полска, МАКЕДОНИЈА, Србија)

Ќе КЛАВАМЕ ГОЛОЈ и ќе поминуваме група or what?


  • Вкупно гласачи
    86
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
24 октомври 2008
Мислења
1.382
Поени од реакции
248
Единствено нешто шо плаши е минутажата на Дупјачанец, оти со ваков Борко, групата тешко да се помине :D
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.122
Поени од реакции
9.978
Радува прикажаното од Жути, а богами и од Прибак, два добри гола и две добри асистенции имаше - до Жарета и Џомбата. :icon_mrgr:
Мојсо е невидлив досега, а Министерот ако го ставе на гол и во второ нек си ибе мамата Обрван. Дупјачанец е каде-каде во подобра форма од г-дин Втор голман на Рајна :icon_mrgr:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.605
Поени од реакции
70.018
Тежок ќе биде изборот за пикер. Пешевски е во подобра форма од Столе, ама Столе нема шанси да отпадне од списокот :D Од друга страна и двајцата се камења во одбрана, па ќе ни треба Никола Маркоски. Мислам дека ќе направи грешка Обрван ако земе двајца пикера, подобра е да се сите тројца во составот...
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.318
Поени од реакции
6.568
Солидно како за подготвителен натпревар. Имаше доста позитивни страни, имаше и некои негативни. Позитивно е што оние на кои посериозно сметаме делуваат дека се горе долу во добра форма. Лазаров, Манасков, Миркуловски, Прибак, Георгиевски, Јоновски, Стоилов и Пешевски апсолутно покажуваат дека сме колку толку покриени на 5 од 7 позиции. Остануваат двете болни позиции голман и лев бек.

Борко беше катастрофа во првото полувреме. Фати неколку топки од изнудени шутеви и тоа беше тоа. Далеку потпросечно и неговата форма загрижува. Дупјачанец беше нешто подобар во второто полувреме, но не би рекол дека блескаше. Просечна претстава од него со едно 5-6 одбрани.

На лев бек што да се каже. Кузмановски пак пријатно изненади, сосема пристојно си ја заврши задачата и како што стои работата изгледа успеа да се избори за место во 16те. Браво. Она што многу многу загрижува е што ако Ф.Лазаров е во аут, веројатно ќе оди и Наумче (не сакам ни да помислам дека има варијанта каде што ќе се оди со Филипче и Наумче). Наумче беше убедливо најслаб поединец на теренот. Еден куп изгубени топки, катастрофално лоши шутеви... Огромен минус на теренот. Дури би рекол и дека да не беше тој преку 10 разлика ќе беше резултатот. Додека беше во игра беше изедначено. Веднаш штом излезе се направи разлика.

Генерално добра претстава но натпревар на кој никако не треба да му се обрне големо внимание. Реално дури и ме плаши да не добијат погрешна претстава играчите. Реално Кркачев и Колевски ни дадоа едно доста квалитетно домаќинско судење и изгледаше како пола натпревар со играч помалку да се црногорците. Ако нападот функционираше солидно, одбраната кога ќе се земат во предвид сите тие исклучувања дефинитвно потфрли во голем дел од натпреварот. Не отепаа од пикер и од десен бек каде што бранеа пикерите. Тука има уште многу работа...
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Генерално добра претстава но натпревар на кој никако не треба да му се обрне големо внимание. Реално дури и ме плаши да не добијат погрешна претстава играчите. Реално Кркачев и Колевски ни дадоа едно доста квалитетно домаќинско судење и изгледаше како пола натпревар со играч помалку да се црногорците...
Се слагам комплетно за ова. Еден куп пенали ни судија, повеќето беа, но имаше и ситуации каде што можеше комотно да се судат 9м без око да трепне, премногу беа наклонети судиите.

Одбраната мизерија, Борко муви бркаше, Дупјанчанец е изгубен во свемирот иако фати некоја топка. Тешко ни се пишува со голманите.

Другата мака ќе ни биде лев бек. Мојсо изгубен во свемирот, Кузмановски солиден, но за со Црна Гора, не сакам да помислам што ќе биде со Франција и Полска. Штета што Филипче се повреди, ваков таков најдобра опција ќе беше за лев бек.

Другите солидни беа денес, Манасков, Кире, Прибак, Жути, тоа радува, но сепак ептен песимист сум за ЕП, се надевам дека грешам.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.650
Поени од реакции
9.855
Дупјачанесц, Борко
Манасков,Ојлески
Гоце и Костески
Лазаров,Миркуловски,Прибак,
Столе Пешевски
Јоновски, Марковски

За останатите 3 места Кузмановски,Мојсовски,Митков,Н Марковски и Ф Лазаров

Според ова денеска што го видов, Кузмановски заслужува да иде на првенствово ма да овие утакмици и не се некое мерило. По мене Обрван ќе игра на сигурно, и за Полска би иделе Мојсо,Фичо и Митков.
Едино ако повредата на Лазаров не е посериозна, па тука да добие шанса Кузмановски.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.087
Поени од реакции
6.716
штета за Кузмановски ако не добие шанса на првенството,едно куси на таа позиција,друго треба деца да се фрлат в оган да се добие какви такви замени на Лазаров,Мојсо и други кои веќе се пензионираа,Кузмановски ми се чини многу добро се движи за висината,но треба многу повеќе да работи на цврстината ако сака да просперира како добар ракометар,во оваа ситуација повеќе би добиле во него отколку во Мојсо,респект за него и стореното досега се има безброј пати тепано за Македонија,но не верувам дека сега во ваква негова форма може да придонесе
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.078
Поени од реакции
2.038
Се слагам комплетно за ова. Еден куп пенали ни судија, повеќето беа, но имаше и ситуации каде што можеше комотно да се судат 9м без око да трепне, премногу беа наклонети судиите.
.
Воопшто не се слагам за судењето, одлични си беа само во некои 50-50 ситуации топката беше за нас (цело време црногорците протестираа кој ги ебе) а сите пенали си беа чисти ко солза.
Утре нашите ке играат со втора постава па црногорците ке победат.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Имаше доста спорни ситуации, такви 50-50 ситуации нема да ни ги судат на ЕП.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.078
Поени од реакции
2.038
Имаше доста спорни ситуации, такви 50-50 ситуации нема да ни ги судат на ЕП.
Секој професионален судија во 50-50 ситуации еднаш свирит за една страна другпат за друга,ама "ЏЕТИЏИВЕ "изгледа дојдоа на екскурзија само провоцираа,а со ова што го видов вечерва од нив ке бидат најслабата репка на ЕП.
 
И

Игнориран член

Гостин
Освен крила (лево и десно) друго ништо немаме сеуште произведено за да се речи дека е иднина на старата гарда. Вистина Кузмановски покажа неколку солидни игри , мило ми е за него потекнува од мојот клуб, ама далеку е од опција за лев бек на европско натпреварување. Тој и Талевски се моментално опција само за на пријателски утакмици, за на мундијал двата ќе ги наполнат гаќите до врв.
За жал тие шо ни се прва опција за таа позиција, моментално се на исто ниво како и овие помладите дури и во надолна линија. Со други зборови левата бековска позиција ни е сачувај боже.
За десната нејќам ни да коментирам... Таму е уште пострашно ако се иземи Кире од предвид.
На среден сме ОК со Жути и Прибак засега.
Мене искрено најмногу ме плашат голманите за ова првенство. Мислам дека ќе имаме доста проблеми ради нив. Моментално со ваков млитав Борко како прва опција и Дупјачанец како втора, кој според мене е преценет во моментов мислам дека ќе бидиме топовска храна за оние животињите во нашата група.
Претешка група имаме а сме во период кога тестираме со нови играчи во составот.
Дајбоже да грешам, ама мислам дека ќе не спуштат од облаци на ова првенство и после ќе следи еден тежок период за репката.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom