ЕП 2016-Група А (Франција, Полска, МАКЕДОНИЈА, Србија)

Ќе КЛАВАМЕ ГОЛОЈ и ќе поминуваме група or what?


  • Вкупно гласачи
    86
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
And here we go again,другари и другарки...:masa:Handball Time:vozbud:
Групата на ИНТЕРЕСОТ НА РАКОМЕТНАТА ЈАВНОСТ ВО :oeoeoe:...
Уште едно првенство,уште една дружба,уште две недели исполнети со нервози,радости по секој постигнат гол,пцуење по секој промашен шут(се знае по кого Филипче(најверојатно на квадрат,и по голманите,like always):icon_mrgr:
Сето ова овозможено од МРТ,нашиот национален сервис без кого ние немаше да постоиме...:kuracc:
Милозвучниот глас на Зоранче,Југо,Драганче,Тони,Горан Стерјов,поезијата на сер Златко Калински:cool:,сите овие "додатоци"ќе бидат како шлаг на тортата при следењето на преносите на нашата селекција за ракометните сладокусци,whats not to love?:vozbud:
Како и да е,конечно се откачивме од Сител..:cuc:
Па да почнеме...:kafence:
Ќе ја имаме честа да играме во новата TAURON ARENA-во Краков...

Арената собира дури 15 илјади гледачи...
Импознатно здание,мултинаменска сала која е приспособена за мечеви од дури 17 спорта во затворен простот...:drk:
АБЕ КОГА ПРАВАТ ПОЉАЦИТЕ ПРАВАТ НЕ КАКО НАС:pos:
Случајот,салата Борис Трајковски:tapp:(ама ова е веќе друга тема):eek:
Да одиме на најважното,презентирање на артилеријата со која располагаат селекциите...:pistoldz:
ФРАНЦИЈА

ЕКСПЕРТИТЕ
доаѓаат по уште едно злато,во ова нема дилема..
Составот е речиси истиот,тој што со години ГО ТЕРОРИЗИРА РАКОМЕТНИОТ СВЕТ..:shok2:
Костурот на тимот е добро познат на сите..
На голот,стариот и добро познат вештер Тјери Омејер:shook:,ноќна мора за сите познати и непознати офанзивци во ракометниот свет,човек кој преку 15 години го држи ТЕНДЕРОТ ЗА РОЛЕТНИ:ojeaa:...
И во својата 40 година не покажува знаци на слабост,и паѓање на формата....:eek:
Едноставно вештерот е безвременски,доколку има желба ќе брани и до 50 години со висок квалитет,за ова немам дилема..
Неговите замени можеби е илузорно да ги споменуваме,затоа што се сомневам дека ќе добијат макар и минимална минутажа,но сепак да не ни се налутат,тука се Винсент Жерар од Монпеље,и Сирил Димула од Стразбур..
Нив им останува да се надеваат дека вештерот ќе изгуби желба за ракомет,па да добијат шанса,друго не им останува:D
Офанзивата добро позната...
Лидер на тимот во секој поглед in both ways е Нико Карабатиќ,нема потреба дополнителна анализа за овај лудак...:cool:
Даниел Нарцис ака AIR FRANCE:uzi:,е една од најважните алки во играта на Клод Онеста...
Едно ново дете е Квентан Мае,ДЕТЕТО ЗА СЕ,се очекува да блесне на ова ЕП и да добие сериозна минутажа..
Може да игра буквално се,од крило до сите позиции во бековската линија...:cool:
На десен бек Онеста ги има Хавиер Бараше и Валентан Порте,веќе проверен тандем на десната страна на нападот...
Порте можеби ќе биде пренасочен и десно крило,според потребите и замислите на Онеста,како помош за Лук Абало,кој со право е прва опција на десната крилна позиција...
Кога сме кај десната бековска позиција,како можно изненадување треба да го спомнеме црномурестиот левак Адриен Дипанда од СТ Рафаел,кој би можел да влета во списокот на леваци,со оглед дека Онеста се откажа од услугите на пеналџијата Гијом Жоли кој долги години беше замена на Абало...
Левата бековска позиција е најпроблематичен дел од тимот,со оглед на повредите на Вилијам Акамбре,Матје Гребил се одамна во аут,неодамна се повреди новото откритие на Онеста,Тимоти Нгесан левиот бек на Шамбери(тимот на нашиот изборник),неизвесен е неговиот настап...
Онеста беше принуден да го повика својот стар и проверен шутер Жером Фернандес,заедно со Омејер се учесници во сите медали кој Французите ги освоија овие 15и кусур години...
Но со оглед на сестраноста на Нико,Нарцис,па и на Мае не би требало да се почуствува недостатокот на класичен лев бек во тимот...
Доаѓаме до левата крилна позиција,тука е добро познатиот двоец Мишел Гигу (n) Самуел Онрубиа...
Со мала недоумица за статусот на Онрубиа,кој би можел да биде заменет од Квентин Мае...
Со Онеста се бива..:pos:
И на крај,пикерската позија е резервирана за стариот и добро познат Седрик Сораиндо,како негова замена е дечкото со брадата Лука Карабатиќ..
Тоа е тоа за триколорите,најсериозен состав,со стари амбиции и добра позната игра,само лудак не би се плашел од нив....
Полска

Пољаците долго чекаат на ова ЕП...
Последните 7,8 години се секогаш тука,блиску до врвот(ова се однесува на СП)на ЕП немаат некои значителни успеси...
Сега им е шансата за големи работи..:zloo:
Оваа селекција е подготвувана долги години,и со право очекуваат зенитот да го достигнат токму тука,на домашен терен...
Костурот на тимот е добро познат на сите,грото од играчи доаѓаат од Киелце и Висла,екипи со кои нашите претставници во ЛШ имаат долга историја зад себе...
На голот се стандардно Славомир Шмал и Пјотр Вишнемирски..
Бековската линија ја сочинуваат добро познатите расни стрелци од Киелце,гладијаторот Михал Јурецки,топчијата Карол Биелецки,одличниот техничар,десниот бек Кристоф Шиштоф Лијевски..
Голем пех за Пољаците се повредите на средните бекови Бартоломеј Јашка,Грегрож Ткачиг кои сигурно го пропуштаат првенството,неизвесен е настапот на уште еден важен играч во Полска,универзалниот бек Мариуш Јуркевиќ.
Без овие 3ца врвни бекови,квалитетната ротација во надворешната линија на селекторот Михаел Биглер е сериозно доведена во прашање..
Имаат замени во Бартош Кониц,Крапковски,Шиба,Јуревски,но ова не се играчи од таа класа како погореспоматите..
Ништо чудно во потесниот избор на бековска позиција да влетаат некои од "анононумусите"кои селекторот Биглер ги повика на подготовките,посебно ова се однесува на позицијата среден бек,позиција која беше најслаба и на СП во Катар,пополнувањето на плејмекерската позиција ќе биде најсериозен предизвик за стручниот штаб на Пољаците..
На крило тука се Јаклевски,Дашек,Вишневски,проверен ростер кој добро се покажа на минатот СП..
На пивот горостасот Камил Шипршак:shok2: ќе ја улогата на стартер,бек ап треба(ше)да има во искусниот и проверен Бартош Јурецки,една од легендите на Полскиот ракомет,сезонава се врати во домашниот шампионат по речиси една помината декада во Бундеслигашот Магдебург...
На последната проверка Бартош Јурецки се здоби со мала повреда и е неизвесен неговиот настап,но сметам дека ќе смогне сили и ќе игра,посебно за делот изведување седмерци,и онака имаше лимитирана минутажа и без повредата,па најверојатно Биглер ќе го користи кога ќе му треба одмор на Шипршак...
Во одбрана главниот товар треба да го имаат one way играчите како касапот Грабачик,потпомогнат од Чкрапковски....
Се на се неверојатно силна селекција,која со помош на многуилјадната публика се очекува да дотурка до самиот крај...
И БАШ НА НИВ НАЈДОВМЕ ДА НАЛЕТАМЕ,ПУ ДА ТИ ТИИИТ СРЕЌАТА:sramezliv:
Да се надеваме дека традицијата на меѓусебни мечеви ќе земе улога во нашиот дуел со Пољаците и ќе успееме повторно да изненадиме со нив,засега 2/2 за нас:oeoeoe:
FYROM:kuracc:(се да ви ...:tapp:)МАКЕДОНИЈА:cool:

Чедата на Аце и на сите херои од спомениците на Грујо..:pipi:

Што можеме да очекуваме од нашите?
Добро прашање,посебно во една ваква група..
Реално е да се очекува се да се одлучи на мечот од рангот БИТИ ИЛ НЕ БИТИ со орлите,но не би било спортски да ги отпишеме нашите на останатите дуели,посебно не против Пољаците со кои имаме одлични мемоари..:pijani:
Составот е тој,нема тука некои непознаници,нема да навлегувам детално од играч до играч,ги знаете сите нашите кои се и што можат...
Ќе се обидам низ призмата на проблемите кои не мачат подолго време да направам една анализа на нашиот ростер...
По поразот од Словенија во 1/8 финалето на СП во Катар започна една неофицијална смена на генерации кај нашите..
Мојсо Гробарот,полека полека се истиснува од селекцијата и прашање на време е кога таа страница официјално ќе биде затворена,можеби и токму сега на ова ЕП,со оглед дека шансите за да се најде помеѓу 16 величествени кои ќе патуваат во Краков се сведени на минимум...
Ванчо Димовски се прости од ракометот,време беше..
Диви не е веќе во тефтерот на изборникот..
Ова се 3 имиња кои го одбележаа мак-ракометот овие 15ина години..
Прашање е дали имаме алтернативи?
КОЛКУ Е БОРКО СПРЕМЕН ЗА ОВА ЕП?ДАЛИ ДУПЈАЧАНЕЦ ЗАСЛУЖУВА ШАНСА?
Сериозна тема,од чија разрешница зависи најголемиот дел од нашата успешна дефанзива...
Во нападот,прашањата се....
Дали Мојсо ќе игра или толку од него?
Замената за Мојсо горе долу ја имаме,Немања Прибак ,веќе се задомаќини кај нас,и со право е играч од кого многу се очекува,секако покрај незаменливиот Филип ака Жути Миркуловски..
Ова е таа двојка која покрај сер Кире Лазаров ќе го понесе најголемиот товар во надворешната линија..
Ротација на бек,што беше тоа?:eek:
Кој би можел да им помогне на овие кутри души во напад?
Знаејќи ги капацитетите на Филипче Лазаров,кои не се толку спорни кога ќе се земе во предвид неговата техника и шут,туку се однесуваат на неговата неможност и страв да го покаже својот вистински шутерски потенцијал...:tapp:
Јебига,не е секој роден да биде звезда..:tapp:или имаш или немаш ЈАЈЦА,трето нема...
Другиот Филип,ака Орката:boksix: Талески,дали овај младич заслужува повик и место меѓу најдобрите 16?
Вистинско прашање сериозно е ова,што правиме со левата бековска позиција?
Кога нема кој друг зошто да не и Филипче?
По изоставувањето на единствениот бек кој можел да се нарече лев бек,Дарко Димитриевски,членот на Чургои,третиот по квалитет тим во силното Унгарско првенство,кој и оваа година не доби шанса да покаже што знае,whats new:ban:..
Тоа е тоа,добро позната "македонска стратегија":tapp:,некористење на сите расположливи потенцијали,стратегија која видовме до кое дереџе не донесе(со секоја чест на ЕП во Србија)..:ban:

Колку недостатокот на високи деснораки бекови/шутери ќе се одрази негативно за нашите?
Дали ќе се оди со Мојсо?,или ќе се даде шанса на Орката?
,или пак ќе се отвори место за уште еден пикер,со оглед на тоа дека кубуриме со играчи во два правци,па најверојатно Никола Маркоски ќе мора да биде во ростер,а сериозно се наметнува и Жаре Пешевски
Со оглед дека душманите имаат на располагање вистинска топовска артилерија..:pistoldz:
Колку нашата селекција ќе успее да се снајде против физички поснажни селекции?
А сите ќе ја имаат таа предност против нас..
Посебно против Француската и Полската дефанзива..
Дали Столе Стоилов ќе биде спремен за ЕП?
Уште едно добро прашање кое ќе не мачи се до 15 јануари,со оглед на лимитираната минутажа на првиот пикер на репката во Вардар,и проблемите со рамото кои го следат цела полусезона..
Истото важи и за неговиот соиграч Манасков,колку е во форма Деки Бој,дали ќе ги повтори игрите од минатото?
Неколку важни прашања
Останува да видиме што ќе извади од ракавот на изнеадувања(ако ги има)изборникот Обрван..
Дали повторно ќе се потпреме на старото добро оружје-максимално користење на пикерот (кога Лазаров нема позиција за шут)и секако шансата да ја бараме во контра и полуконтра овозможена од еден од подобрите сегменти во нашиот напад,брзите крила...
Реално со лимитираната бековско-шутерска артилерија тоа ќе ни биде најсилното оружје-техниката и имагинацијата на капитенот,лесните голови од контра и полуконтра и да се надеваме дека добрата техника на Прибак и Жути ќе биде на ниво..
И секако ТИМСКАТА ИГРА,
пред се во дефанзива..
Сите овие сегменти ќе ни бидат потребни за да се помине првиот примарен предизвик-поминување на првата група..
Шансата постои,посебно уште повеќе се отвори со проблемите кај Србите,и ќе мора да ја искористиме максимално.во мечот кој ќе ги реши сите дилеми,тоа е таа примарна цел ПОБЕДА НАД ОРЛИТЕ,СЕ ДРУГО Е БОНУС..
Потенцијал секако дека имаме,искуство имаме,срамота е да се каже дека немаме по толку години на големите натпреварувања,еве веќе и играчите фатија ритам во Евро-куповите,почнаа и да се шиткаат во странство,па не смее повеќе да врви тој изговор ДАНОКОТ НА НЕИСКУСТВО НИ ПРЕСУДИ,НЕМАВМЕ СРЕЌА..
Играјте без страв,за :oeoeoe:,за ПАРТИЈАТА,ЗА ЛИДЕРОТ,:cenzura:упс,грешка во тастатурата:giggle:(забегав и јас)....:pos:
Па што биде биде,важно е да се даде 102.7%од можностите...
Не се плашете од душманите,и тие се луѓе(освен Французите):pos:..
ИГРАЈТЕ МАШКИ:roker:за КАЈГАНА ФАНС:oeoeoe:

СРБИЈА

Орловите
.од селекција која по сите параметри треба(ше)да ги повтори успесите од ЕП во 2012,се доведоа до ситуација да не се пласираат на СП во Катар,одвај да се најдат на завршницата на ова ЕП....
Типичен балкански менталитет кој вечно преовладува кај северните соседи-а тоа ти се добро познати работи како:кавги на релација селектор-играчи,несредени односи во ракомтната федерација,несериозен пристап кон играта и потценување/преценување на противниците,игра ТОПЛО-ЛАДНО итн....
Едноставно Србите ти се вистинска старомодна бомба од прва или втора светска војна,НЕ ЗНАЕШ КОГА ЌЕ ПУКНАТ:LOL:
Имаат голем потенцијал,страшен ростер кој можат/можеа да го соберат,но тие проблеми низ годините си го зедоа данокот...
Не е ни чудо што на прагот на ЕП,селекторот Дејан Периќ,(голманската легенда од овие простори)доби откази од клучните играчи,играчи кои се алфа и омега во своите екипи кои се меѓу најдобрите 16 во ЛШ..
Ако беше очекувано откажувањето на all-star шутерот Момир Моша Илиќ,кој и претходно (не)официјално најави простување од државниот дрес,како гром од ведро небо дојдоа отказите на десниот бек на Кил,топчијата Марко Вујин,ударниот тандем на Мешков Брест,пивотот Растко Стојковиќ и левиот бек Никола Манојловиќ..
Во последен момент поради повреда на шутерската рака откажа и левото крило Немања Илиќ..
Сериозни играчки имиња кои во голем дел го намалуваат квалитетот на селекцијата....
Но и покрај се,и без нив селекторот Периќ има и тоа каков коњ за трка..
По подолго време меѓу стативите се врака Нарко Маниќ(пардон:icon_mrgr:)Дарко Станиќ..
Голман кој и тоа како би можел да направи разлика помеѓу пораз и победа,макар што е во својата 40 година,и речиси цела сезона е без сериозна минутажа во некој клуб(откако доби античка клоца)...
Како негова алтернатива тука се Коциќ и Марјанац,солидни голмани,но не од класата на Станиќ,но сепак би бркале работа....
Добра вест за орлите е што на повикот на Периќ одговорија БУНДЕСЛИГАШКИТЕ ТОПЧИИ..
Левиот бек на Фуше Берлин,Петар Ненадиќ е најпознато име во надворешната линија,играч кој е ноќна мора за сите голмани и моментално е прв стрелец во најдобрата лига во светот..
Како негова замена тука е уште еден топчија,Момир Рниќ,проверен шутер кој години наназад растура во Германија..
Овај дел од нападот на Србите е најопасен,и ќе мора многу да се внимава на овие двајца..
Организатор на играта ќе биде уште еден добро познат играч,се сериозна бундеслигашка историја зад себе,Жарко Шешум,долги години е во Германија,имаше повреди со повредите,би требало да ги има надминато овие проблеми и да се врати во ритам..
Како негова алтернатива е стандардниот последните неколку години Далибор Чутура..
На позицијата десен бек конечно своите 5 минути ќе ги дочека Немања Зеленовиќ,играч кој долги години беше во сенка на Вујин,и трпеливо ја чекаше својата шанса,својата игра ја надградуваше во Цеље,па преку Висла Плок стигна до Бундеслигашот Магдебург,каде е еден од најдобрите играчи сезонава..
На крилните позиции ги имаат-Иван Никчевич од Висла,стандарден долги години во селекцијата,а како бек ап би можело да се отвори место и за Вања Илиќ од Работнички,по повредата на другиот Илиќ и неповикувањето во селекцијата на уште еден добро познат играч за нас,Добривоје Марковиќ..
На десната страна конечно шанса треба да добие Радивојевиќ од Фленсбург,играч кој сеуште го нема покажано својот вистински потенцијал,како негова замена е познатиот Дарко Џукиќ,играч кој има страшен напредок последните неколку сезони...
На позицијата пивот ќе имаат сериозни проблеми,пред се заради изоставувањето на Стојковиќ,откажувањето од селекцијата на Алем Тоскиќ..
Колку ќе бидат доволни Марсениќ и Бељански да ја покријат оваа позиција?Останува да видиме..
Сепак се работи за играчи кои долги години имаа само дефанзивни задачи,па дискутабилни се нивните можности,пред се во една ваква група во која Србите се аутсајдери,макар и против Македонија..:kuracc:
Останува да се види што ќе направат,и како ќе поминат..
Потенцијал имаат,играчи имаат,но од теорија до пракса има голема разлика...
Мое мислење е дека ќе завршат како последни во групата..:kuracc:
 
Последно уредено:
Член од
11 јануари 2014
Мислења
489
Поени од реакции
757
Ќе биде интересно со кои играчи Обрван ќе оди во Полска.
Мислам дека еден од Кузмановски и Талески ќе биде на списокот.
Ништо чудно Кузманоски да улета за у одбрана на место на Велко, ама сепак тешко да се деси тоа.
Баш ме интересира кој ќе биде втор голман.
Ако го земат Николче Митрески, слободно нека одат нека се отепаат.:ban:
Скоро 10години брани Митрески, освен некои блесоци на почетокот кога излезе како голман ништо нема покажано.
Не дека Дупјачанец е многу квалитетен ама заслужува шанса барем на ова првенство.
Ама баш ништо не можеме да очекуваме од Митрески, никаков квалитет плус неможе да донесе, освен да скока како попарен на голот и да го полнат кој од каде ќе стигне.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Французите ќе не декласираат, на Пољаците ќе им правиме бељи до последна минута и потоа ќе им се истуриме на Србите со 6-7 разлика.

Франција - Полска финале.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Искрено тешко ќе биде на ова ЕП, треба максимално да се одигра и против Србија доколку сакаме да минеме група, Станиќ ите како може да ја направи разликата на овој натпревар, да не гледаме втора епизода како во 1/8 финалето лани против Словенија.
Главната разлика ја направи токму голманот и многуте нереализирани зицери што го карактеризираат македонскиот ракомет.
Во неколку наврати го кажувам ова мислење дека Дупјачанец мора да добие шанса пред циркузантот Николче, човекот кога доби шанса за прв чувар на мрежата на Металург по натпревар бележеше максимум 2 одбрани, а почесто се случуваше да нема ниту една одбрана против екипи од рангот на Борац, Раднички ... но тоа е веќе минато, сеа ептен е изгледа катастрофа, сигурно е втор голман во Бенфика.. така да доколку не планираа да го зимат Дупјачанец подобро решение ќе беше Даскаловски или Диви.
Би било подобро Мојсо да добие шанса пред Талески, со овие игри во Металург па и во македонското првенство Талески не заслужува да фати ракометна топка а не да освојува награди како најдобар млад играч..:tapp:
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
На крај да не изненади Обрван и наместо Талески да оди со другиот Филип-Кузмановски...:zloo:
Добро изиграл вчера,доби и позитивни критики од Борко...:cool:
 
И

Игнориран член

Гостин
На крај да не изненади Обрван и наместо Талески да оди со другиот Филип-Кузмановски...:zloo:
Добро изиграл вчера,доби и позитивни критики од Борко...:cool:
И мене така ми оди Томас...:sneaky: Се ми се чини дека Обрван ќе го земи во Полска.:brlav:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
Барем има некаква градба, не е шпагета како овој. Во одбрана може да заврши солидна работа иако е млад...
Јас би ги земал него и Лазаров да сум на негово место, мада Мојсо и со една рака, веројатно сеуште би ни бил од корист :D
 

RaZ-R

Артилерец
Член од
8 ноември 2009
Мислења
3.393
Поени од реакции
2.430
1.France
2. Poland
3.Macedonia
4.Serbia
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Победи против Полска и Србија, после тоа порази и нов селектор.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Колку спор ракомет играме...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Последно уредено:
Член од
25 јуни 2007
Мислења
2.307
Поени од реакции
1.134
Ебате МТВ толку ли им било пробелм да го земат преносов.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom