Дуел на бендови (оваа недела: Fantomas vs Melvins)

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Абе Бомбастичен, мислиш не ми текнало на дуелов :D Ама намерно не го поставив, за да не се мачам и самиот да мислам, кој, зошто и како.

Би рекол Азра, заради поголемите спомени кои ми ги носи бендот, само заради тоа.

:D

Vidi koa se u pitanje Ex yu dueli pak ne se soglasuvame. Cc

Pisete EKV<3
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Зошто слабо ги има на јутуб овие Азра?
Баш сакам да ги чујам, прв пат слушам за нив искрено.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Зошто слабо ги има на јутуб овие Азра?
Баш сакам да ги чујам, прв пат слушам за нив искрено.
Тргнати се ради авторски права. Имаше скоро се од нив, сега некоја чкарт снимка во живо или слично и така.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Тргнати се ради авторски права. Имаше скоро се од нив, сега некоја чкарт снимка во живо или слично и така.
Да да, има неколку со апла лош квалитет, во живо снимани со тостер. :D
Ништо, ќе симнам дискографија ако сакам да ги слушнам.
Еве 3 песни им слушнав до сеа, не се лоши. (y)[DOUBLEPOST=1411408094][/DOUBLEPOST]
Џони ради авторски права ги трга од таму.
У кој филм е влезен?
 

M!K!

supersonic
Член од
6 јули 2009
Мислења
1.225
Поени од реакции
1.966
Два најдобри бенда во ex yu. Воедно, Милан и Џони најголеми уметници...
Еве по една песна и од двата:
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.891
@Џонтра Волта

Слушај ова:


Него доста тежок дуел, незнам за кој да се одлучам. Голем траг имаат оставено и двата бендови, Џони и Милан големи уметници и луѓе пред своето време, а јас седам пред пц слушам пинк флојд и незнам за кого да го дадам гласот во дуелов.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.899
Поени од реакции
11.225
Последно уредено:
Член од
20 април 2009
Мислења
994
Поени од реакции
946
И јас мислев да го предложам овој дуел..Ете пак ќе се навратам зошто не ми се Чорба и Дугме по свој шмек..Затоа што секогаш мислев дека овие два бендови имаат многу голема уметност во себе, нешто, диво, скриено, нешто што е повеќе од пијанство...Доволно е само да се погледне нивната историја, нивните идеи кои биле далеку од црните времиња кои ја зафатиле Југославија кон крајот на 80тите и 90тите години.. Штета што лошата судбина се вмеша и прекинаа со стварање на музика..Можеби двата највредни состави кои беа загубени во таа лудост...Џони е прекрасен уметник, прекрасен поет, пример за рокер..бунтовник. Мислам дека само тој беше способен да успее да вклопи хармоника, акустична гитара и електрична гитара и сето тоа да звучи рок...Успешен не само на музичко поле, и не само во еден жанр на музика. Совршено ги дијагностицира сите аномалии на тоа оптштество преку своите текстови...покажувајќи среден прст на хејтерите цели 20 години, иако некогаш се лутам што не прави камбек..Од друга страна ЕКВ...слушам многу бендови од различни поджанрови на рок и метал..но за мене ЕКВ се една од најмоќните групи кои ги имам слушнато..Страшно ја доловуваат атмосферата..Дури на почетокот како да ми беше страв да ги слушам, толку многу ме потсеќаа на некои мрачни времиња. Но со текот на времето согледав дека всушност нивната музика е спротивно на она што го замислував.Милан е одличен поет, одличен композитор, мајстор за она што е стил препознатлив само за нив, а е различен и подлабок од оној на Азра. Тука е Маги, тука е Бојан..секој приказна сама за себе...Тој што навлегол во таа музика станува доживотен фан..Околу овој бенд се вртат многу мистерии, многу невистини и матни работи, но нема ништо подобро од оваа песна во една дождлива ноќ. Мојот глас оди за ЕКВ!

 

Kajgana Shop

На врв Bottom