И јас мислев да го предложам овој дуел..Ете пак ќе се навратам зошто не ми се Чорба и Дугме по свој шмек..Затоа што секогаш мислев дека овие два бендови имаат многу голема уметност во себе, нешто, диво, скриено, нешто што е повеќе од пијанство...Доволно е само да се погледне нивната историја, нивните идеи кои биле далеку од црните времиња кои ја зафатиле Југославија кон крајот на 80тите и 90тите години.. Штета што лошата судбина се вмеша и прекинаа со стварање на музика..Можеби двата највредни состави кои беа загубени во таа лудост...Џони е прекрасен уметник, прекрасен поет, пример за рокер..бунтовник. Мислам дека само тој беше способен да успее да вклопи хармоника, акустична гитара и електрична гитара и сето тоа да звучи рок...Успешен не само на музичко поле, и не само во еден жанр на музика. Совршено ги дијагностицира сите аномалии на тоа оптштество преку своите текстови...покажувајќи среден прст на хејтерите цели 20 години, иако некогаш се лутам што не прави камбек..Од друга страна ЕКВ...слушам многу бендови од различни поджанрови на рок и метал..но за мене ЕКВ се една од најмоќните групи кои ги имам слушнато..Страшно ја доловуваат атмосферата..Дури на почетокот како да ми беше страв да ги слушам, толку многу ме потсеќаа на некои мрачни времиња. Но со текот на времето согледав дека всушност нивната музика е спротивно на она што го замислував.Милан е одличен поет, одличен композитор, мајстор за она што е стил препознатлив само за нив, а е различен и подлабок од оној на Азра. Тука е Маги, тука е Бојан..секој приказна сама за себе...Тој што навлегол во таа музика станува доживотен фан..Околу овој бенд се вртат многу мистерии, многу невистини и матни работи, но нема ништо подобро од оваа песна во една дождлива ноќ. Мојот глас оди за ЕКВ!