Убаво беше додека траеше
Неколку дена по ред одвојував по саат време да играм на некои традиционални "танци" како Сиртаки, Какалин и Хава Нагила, а особено одвојував доста време на:
Дури и татко ми и мајка ми ги фатив под рака за да играме на Хава Нагила
Мајка ми е најдобра денсерка што некад сум ја сретнал, и на 61 година може вода да и носат денешниве типки што врска немаат од играње
Татко ми целосна спортивност, кипот на слободата не му е рамен.
Ама ако има некој полош од него, тоа дефинитивно сум јас. Ѕидов е поеластичен од мене...
Им серев на моите зошто не ме запишале во Ребис кога сум бил мал
Татко ми ќе се задавеше од смеење
Иииииии, ете ме после неколку дена, кичмава сум ја заебал, боли маме ебава
Ебате токмакот ебате, не си за играње ти, па дури ни за наједноставни движења...
Играј си го орото наше и свиркај си
Вечерва цела населба се собравме за во кафана, ни циклонот Давид, ни протестите кај Заев не може да не спречат
Уште да не ме кинеше кичмава веќе трети ден
п.с. си купив чешел пред некој ден и конечно си го искористив, за да ги исчешлам брковите и брадата