Ола кеј,
Во животот имаш безброј прилики за да успееш за да направиш нешто.Најлошо е кога сам на себе ќе си речеш пројде тоа нема никогаш да дојде.Се лажеш јас да ти кажам.Секогаш ќе испушташ прилики и секогаш ќе жалиш за нив , ама немој никогаш да си кажеш дека нема да дојде да го наречам едно подобро утре.Се што треба е да бидеш спремен за тоа утре и да не го пропуштиш и тоа, знаеш зошто ? Не заради тоа што пак нема да дојде, него зошто ќе те мавне на психа и ќе си речеш толку од мене човек не бидува.Парите во државава не се проблем, ги нема.Животот на младите исто го нема.Ама дека јас ќе си речам дека еден ден нема да успеам,епа и тоа го нема јас да ти кажам.Жалосно е некои луѓе што преживуваат до нивната 18та година, жалосно е колку луѓе потпаѓаат под тој притисок и не секој е силен да го преброди тоа.Ама еден ден во еден момент ќе си речеш, ЈАС ФАКИНГ МОЖАМ И НЕМА НИКОЈ ДА МЕ УБЕДИ ДЕКА НЕ МОЖАМ.Е тоа е најбитното.Остани ми поздравена жолта,го вадиш од мене тоа што никој не може или не се нашол некој што може.