Драга.
Извини шо ќе ти се жалам, ама немам на кој.
Не дека нема кој да ме сослуша, ама неќам да им го тупам со мои глупости на луѓе кои ќе глумат дека ги интересира и ќе смислуваат за шо да се пожалат доека јас зборам. Ебемга, така е увек.
Него, периодов е тапа. Нешо празници, нова година, сите среќни, чак денес имаше и деца што играат на улица, а немало последниве 5 години. Гомнари.
А ја? Ја седам и дремам, искрено. Незнам кај сум, незнам кај идам. А и не идам нигде. Шо да идам, шо да се замарам. У комфорт зона западнав, од која несакам сам да излезам.
„Тоа е, живот.“ - секој шо би го чул ова.
Ама не е. Ми се патува, ми се учат нови ствари, ми се прави се освен тоа да идам и да работам некоја ебана работа со просечна плата тука и да се ложам на тоа што сум со некое „дипломирано звање“. Би работел ко продавач на семки во Барселона, би работел во пекара во Осло, би работел како продавач на книги во Прага, би работел како чистач во Гдањск, ама не би се задоволил со 40 години `рмбање за да отплатам кредит.
А се ме нервира тука. Луѓето, особено.
Ме нервираат гомнари кои се ложат со парите од нивните и глумат дека самите се одговорни за тоа што го имаат. Ме нервираат гомнарки кои се ложат на горенаведените. Ме нервираат луѓе кои се океј со вработувања со врски, ме нервираат луѓе кои се заглавени на „така е тоа кај нас“ муабет, ме нервираат луѓе кои мислат дека ќе сменат нешто со нивната партиска книшка...
Не дека ја сум поарен.
Само што малце сум преку цел тој влагање во филмови муабет, и се обидувам да сфатам што е и како е пред тотално да се депремирам од истото.
Само што, пичка му матер, последното е неизбежно.
Незнам само до кога се тешам дека е ладно, и ради тоа ми се собрани јајцата, потребни за да земам се што имам во 1-2 куфера и да отидам некаде каде што ќе бидам помалку ценет, а сепак ќе ми биде поубаво.