Кајг,
Шанкот ти е најдобра потпора, секогаш. Вечерва пак на исто место, исти луѓе, иста лоша музика, истата од 6 до 6 насмеана фаца извадена од некој џеб во јакната, како и скоро секое утро, истиот шанк на кој си пораснал... Дупката во која што се научив и направив, не е истата. Вкусот на џонито додека шета низ чашата не е истиот. Луѓето се се поразлични, а се е полошо. Се е како порано, само се осеќаш старо, со сила ја туркаш последната чаша, а цигарите се при крај.
Не, ништо не сфаќаш, не ти е јасно зошто е тоа така, зошто така функционираат работите, само знаеш дека никогаш не си се сменил доволно. Уште си истото тоа кое те направиле и истото кое мразиш да си. И никогаш не се помирив, само џигерот ми знае колку сум се помирил.
Џабе ќе го тупам...
I heard a joke once...