Дечкото е од Србија и статусов го посветил на Србија. Но почнуваш да читаш и се наоѓаш збунет. Чекај! Овој да не ме заебава и да не збори цело време за Македонија!?

Може и сте го прочитале, а ако не сте еве го преведов, па читајте. Ко ќе размислам подобро, го преведов за себе, да го врежам шо подлабоко во мене. И да не го заборавам. Никогаш. Посебно во моментите, кога ќе се решам да заминам, ако се јави некоја ебена носталгија. Не верувам, но за секој случај.
Може ќе ви е патетичен, но сепак прочитајте го. Среќно!
„Ако си млад, пред средно училиште, факултет, магистерски или сето тоа веќе си го завршил, имам само еден совет за тебе - ОДИ.
Оди од овде, бидејќи овде работите нема да бидат никогаш нормални за твој живот.
Оди и заборави на својата диплома. Оди и заборави на оваа земја и луѓе. И на родителите и на пријателите. На се.
Оди некаде каде ќе живееш, како да си се и таму родил. Немој никогаш да сонуваш за тоа како ќе се вратиш овде, да ѕидаш некоја куќа овде (Ф.Г: грешка шо јас ја направив) или пак не дај Боже да се вратиш назад и со стекнатото знаење надвор да сакаш да ја помогнеш одамна заебаната српска (македонска) економија, држава, друштво.
Не, нема да ти подобро, туку тие што останале овде, гладни и жедни за се, ќе те гледаат така како што зомбито го гледа Бред Пит во "War Z" филмот.
Оди, живеј некаде, каде животот е убав и кога си бос. Ако треба оди во Шпанија, работи во бар на плажа, батали го своето студирање биохемија, работи и отвори сопствен бар на плажа. Или оди во Португалија, во Лисабон, навечер вози такси, а дење спиј на плажа. Оди работи во лозјата во Прованса, па собери пари и купи свое лозје, прави вино до крајот на својот живот, па дури и ако живееш во камена куќичка, но опкружен со најубавата природа на светот.
Живеј го животот, немој како што мојата генерација правеше, залудно да го потрошиш обидувајќи се нешто да промениш во Србија (Македонија).
Еве 25 години рововски борби, победи и порази и кога се ќе собереш, се е помалку или повеќе исто. Уствари не е. Сега калта не е до половина, до брадата e.
Никогаш овде немаше да успее некој Бил Гејтс, ни Бренсон, ни Тесла.
Ни Новак (Пандев, Лазаров) немаше да успее да останеше овде.
Само шлајм.
Станавме робови во сопствената земја. Светот стана глобално село, а ние и покрај тоа останавме предградие на некој виртуелен Запад и предградие на некој виртуелен Исток, крчма на патот полна со пијани патници, курвари и преваранти.
Жените ќе бидат курви, а мажите слуги.
Не успеавме да ја сочуваме нашата земја, не знаевме да им се спротиставиме на најлошите во нашите редови. Немавме вера, немавме морал, ни елита, ни здраво друштво и за тоа сега ја плаќаме цената. Доаѓаат нови 5 векa под Турците.
Размислувам постојано за ова што го пишувам сега и тогаш сфаќам дека се се сведува на една реченица. На власт е шлајм, а кога човек ќе погледне околу себе, овие што се опозиција, не се ништо подобри.
Веќе немаме капацитет како друштво нешто да промениме.
Понекогаш... Понекогаш се случува да ме понесе идеја, вера, надеж, дека сепак нешто може да биде подобро, но на Србија (Македонија) и се доволни 5 минути да ми покаже или да седам и да си ставам окови или да си ги соберам парталите од овде.
А стар сум и за едното и за другото.
Целиот живот го поминав во револуција, која од почетокот била осудена на пропаст."