Драга Кајгана,
Еве направив месец и нешто на Фентази во мојот 4 договор. So far, so good, шо би рекле америте. Инаку опкружен сум со јамајкански работи како на пример цимерот Демион, девојката Карен... бродот иде во Фолмаут. Имам маичка од Усаин Болт и ја имам најкул маичката на цел свет:
JUST DO IT
LATER
Да додадам дека некако мрза ме фаќа да го пишувам дневникот. Сестра ми Сања замина на work n travel во Германија, ама затоа ФБ акаунти направија сестра ми Моника и татко ми
Во поглед на работа, човек мањак сме а бродот е пун, крцат, така да има работа преку глава, ама некако стигаме да ги испосликаме сите гости и да ги отпечатиме нивните фотки.
Во поглед на журки, и тоа има, и тоа колку сакаш, само време и енергија ти треба

Вечерва има 90ти журка со другар ми РобертМајкл кој пушта музика за гостите, ама за жал вечерва заглавив на работа до 1. Синоќа имав слободна вечер која ја искористив да одам со Карен и Мики на вечера во Пало, фенси-шменси ресторан со еден куп ѕвездички во класификацијата. После тоа бев да го гледам шоуто со хипноза на Дејл Кеј. Ѕвер е, го обожавам.
Ај доста е сеа за сеа. Се надевам следниот пат во Драга Кајгана ќе пишувам од нов компјутер, само треба да чекам да ми стигне уште една плата, и да се надевам дека нема да заврши попустот во B&H photo and video. Попустот е 300$ па можете да замислите колку фенси-шменси машина има да порачам

))