Драга,
Ништо денес ко што ми стои од учење.
Фала на некој од комшииве, врска неам кој е, али буквално цело маало ечи цел ебан ден, стварно не ми е јасно што се веселат толку. Мене ми смета, па едвај чекам да дојде 11, за ако не се затнат, да кренам слушалка.
Нејќам роднински собири, очекувани, неочекувани, никакви. Сите ко да сме на натпревар, чие дете завршило побрзо, со каков просек, кој има дечко/девојка, а кој за жал, уште дремел сам/а.
Иронични коментари, глупи муабети, јадење гомна за тоа кој имал поблескава иднина во мизеријава.
Никој нема бе, апсолутно никој.
Детето ќе му се запишувало на ФИНКИ, со тоа ќе имало боље иднина од економисти и правници (јас и братучед ми, шо не дели еден испит од диплома). Чекај бе човече, нека се запише, нека исчисти прва, втора, нека дое до трета и четврта, па јади гомна. Ќерка му исто ја фалеше пред некоја година, па ете, кутрата префалена, се отпиша од стоматологија после 3-4 години маткање во Скопје.
Мислам, се осеќаат ли бе луѓево? Знаеш ли бе колку ти вредат децата, па ондак да правиш глупи споредби кои немаат никаква веза со логиката?
Абе ко да немаат никаков осет и допирна точка со реалноста. Просто се чудам, со какви мозоци морам да поминувам време. На какви морони морам со ироничка насмевка да им враќам, зш било некултурно од моја страна да ги отерам у пм, ипак роднини шо ги гледаш двапати годишно.
Пф, ради моиве ќутам, иначе да е до мене, тоа е се избришано.