Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Драга...

... сам сфатив колку сум забеган со историјава. Слушам песна од Цвија (и со музиката сум забеган али остај тоа) кај што вика: „Због тебе био бих роб коме би судила“ и прво нешто што ми паѓа на памет е: „кој курац бе, па робовите немале граѓанско право, зашто би ти судела?“.

очекувам јак цитат сеа пошто ми текна да пишам у непогодно време на темава XD
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.667
Поени од реакции
8.725
Еден ебан снег што паѓаше неколку саата направи тотален хаос во државава, да неможеш да испаднеш од дома, а камо ли да напуштиш град. Бравоууу, свака част, сите држава и ние држава, чибу бе.
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
Драга...

... сам сфатив колку сум забеган со историјава. Слушам песна од Цвија (и со музиката сум забеган али остај тоа) кај што вика: „Због тебе био бих роб коме би судила“ и прво нешто што ми паѓа на памет е: „кој курац бе, па робовите немале граѓанско право, зашто би ти судела?“.

очекувам јак цитат сеа пошто ми текна да пишам у непогодно време на темава XD
Јаки4ок си, никој не смее да те хејта. :pipi:
 

Fiend

смут џезер
Член од
29 март 2012
Мислења
947
Поени од реакции
1.074
За 5 саати полагам, ми се вртат у глава лактоза глукоза маноза, ма се испомешав да ти ебам и хемија бегам да учам сеа, ај чао.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.678
Поени од реакции
14.560
ДК

Од денес т.е за 3-4 часа почнувам со нова работа. Се чувствувам чудно пошто и ми се оди и не ми се оди.

Ми се оди пошто ми фалат пари и знам дека колку-толку ќе можам да си приуштам некои работи. Ми се оди затоа што тоа што ќе го работам не го знам до детал и ќе треба да го научам, а се што е поврзано со технологија радо го учам. Ми се оди затоа што цела фирма почнуваме од нула и сакам да бидам дел од нешто што го гледаш како (се надевам) ќе расте и се издига и се надевам ќе ви се допадне кога ќе дојде време да слушнете и видите за што станува збор, барем тие што сте во мојов регион. Ми се оди затоа што смените се убави и затоа што ќе работам со млади луѓе.

Не ми се оди затоа што ќе ми се скуси слободното време во кое толку уживав целата оваа година и кусур додека бев без работа, не ми се оди затоа што знам дека од утре времето морам да го планирам според нешто друго, а не претежно според моите желби како за овој период додека бев невработен.

Сакам да ја сумирам 2014-та на три дена пред крај на истата.

Ми почна убаво, не негирам. Бев во Љубљана на дочекот на 2014 и си поминав одлично. 10 дена кои ќе ги паметам, по добро, но и по нешто лошо. Убаво е да ја шеташ Љубљана во целата таа новогодишна магија, морам да истакнам дека градот, но и Словенија во целост ми се допаднаа премногу, сакам да се вратам таму кога ќе можам, штета што не отидов и до Загреб. Убаво е да си на Еразмус забави на кои не знаеш кој човек од која земја е, прилично интересно искуство за разлика од излегувањата во нашата земја. Убаво е да си на гости една вечер во студентски дом и во една соба собрани имаш (скоро) цела карта на Европа пред тебе - Турци, Полјаци, Чеси, Швеѓани, Словенци, Шпанци и тн, тн. Убаво е да сите да зборите на ист јазик и да се разбирате, страшно ме потсеќа на Ѕвездени Патеки и тој нивен универзален преведувач. Ме пофалија дека и англискиот ми е предобар.
Лошо е кога ќе се скараш неколку пати со девојката и знаеш, чувстувуваш, дека тука некаде, во некој нареден период, ќе прекинете. Уште полошо е тие караници да се одиграат во истиот период опишан погоре. Збунети чувства, измешани емоции. Така и биде. Не сум злопамтило (освен за некои лешпери тотално неповрзани со постов) и пошто знам дека ми го знае јузерот тука (но не знам дали уште доаѓа тука) и ако некогаш го прочиташ овој пост - ти посакувам се најдобро во животот.

>>>Fast forward неколку месеци.
Запознав девојка како гром од ведро небо. Убаво викаат дека љубовта не се бара, туку се случува како Тесеракт креиран од Нолан. Девојка која прави да чувствуваш дека претходниот ден си ја сакал и си се грижел за неа помалку отколку денес. Девојка која заслужува многу работи кои не можев да си ги дозволам и на себе и на неа поради причината наведена најгоре. Девојка со која ќе ја дочекам новата 2015 во која оставам се да тече како што треба, на било каков план. Знам дека ти не го читаш форумов, но ако случајно некогаш ми го прочиташ постов - Те сакам толку колку што мразам кога не сум со тебе.

2014-та беше година во која бев невработен, но е година во која се посветив повеќе на факултетот, па конечно дипломирав и еве, пред некој ден, си ја земав свечено и дипломата. Диплома за која се надевав дека ќе успеам многу порано да го кити моето име и презиме, но тоа е што е. На едно старо поштенско сандаче во влезот на мојата зграда пишува - Име Презиме инж. Тоа е (беше) мојот дедо, имењак. Сега и официјално ја наследувам титулата од него, но во сосема друга струка. Ми фалиш премногу, знам дека ќе беше горд на мене. Премногу е чудно на две футроли од оние цилиндричните за диплома да гледаш - Татко Ти, Дедо ти, Презиме и Јас, Татко ти, Презиме, сето тоа со обратен редослед на имињата :icon_lol:

2014-та беше година во која ја дочекав и сестра ми како матурантка и како бруцош на факултет. Кога летна времето и сам не знам. Времето кога еднаш како бебе ја разбудив, а моите мораа да одат на работа, па ја шетав со количката низ станот едно добри половина час. Пошто ти сега нон-стоп киснеш на интернет може и ќе ми го прочиташ постов. ТЕ САКАМ НАЈВЕЌЕ, иако знам дека ретко ти го покажувам тоа.

П.С Предупреди ги машките во твојот живот, би загинал за тебе.

Oтприлика ова е на личен план. На сите најблиски и пријатели, а богами на вас од форумов во новата 2015 ви посакувам пред се среќа затоа што и тие од Титаник имаа љубов, здравје и пари, ама немаа среќа :)

На навивачки план во фудбалска смисла, освен поплавата против оние од Мадрид (која се случува еднаш во една деценија), супер сум задоволен од Баварците. Се надевам дека наредната ќелавкото ќе успее да го дигне трофејот среде Берлин, и тоа два пати (еднаш ЛШ, еднаш германски куп).
Светското помина така како што помина, за мене не беше воопшто изненадување на начинот на кој Германците доминираа. Освен можеби резултатот против Бразил, но за кој сум убеден дека да играа 10 пати - 10 пати ќе го јадеа стапот Бразилците, без разлика во која земја да се играше. Многу им беа настрвени Немциве, многу.
2015 нема Европско, ама затоа 2016 очекувам да ги спојат титулите, редно време е оваа генерација да освои тоа што заслужува.

На навивачки план во кошаркарска смисла, Лејкерси се очајни. Секоја чест за КБ24 и минувањето на Џордан, но смири се малце со шутевите царе, губат партии заради твоето форсирање.

Тоа би било како некоја сума-сумарум.

Се најубаво во 2015 на сите!
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.061
Поени од реакции
15.032
Стануваш и викаш:
-Мамо, дај санката! - и слушаш глас:
-Абе спремај се за на работа!
И сфаќаш дека не си дете, туку робот како од песнана на Крафтверк.

Кајги, место тетоважа, си купив лекови. Јебига, втор пат за нова година настинка.

Бонус:
 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Драга ...

и така јас си лежам и си размислувам за животот во МаЌедонија. Јас цел живот викам дека не е решение странство, цел живот викам дека никогаш нема да си отидам од тука, ама во последниве два месеци го сменив мислењето. Сега само што сакам е карта во еден правец. Ќе ти ебам и држава, и луѓе и политичари. Кога ќе ми текне какви луѓе се фаци низ градов ми се повраќа. Луѓе без два грама мозок. Кога ќе ми текне, на времето брат ми кога се запиша во средно и кога ќе кажеше дека се запишал во ПТТ сите му викаа "Еј што, поштар ќе бидеш?!". Е тие луѓе сеа се најјаки фаци. Кај и да е ќе ни ја водат и државава. Кретенчиња кои едвај завршиле основно со помош на партија се врвот во државава. Страшно.
Колку повеќе размислувам на ова, толку повеќе ми текнува на што се се чудат луѓево и на кого се се клањаат. Мрш бе у пм. Идам да си погледам Сител, може ќе го сменам мислењето. :facepalm:
Забранија National Geographic, не отруја со турски серии. Дека нели, нормално е кога ќе ти умре мажот ти автоматски да се преселиш кај брат му. Кретени ќе направат од децава, ги жалам.
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Ја гледам внука ми вчера чиј најголем проблем и нервоза и беше составувањето на играчката што и се падна во смоки. Би сакала да се врати времето кога и јас имав такви проблеми. Кога не можев да се одлучам што сакам да ми донесе Дедо Мраз, кога се нервирав зашто не можам да направам голем Снешко и кога моите не ме пуштаа надвор на снегот додека не ги завршам домашните задачи.
И сеуште мислам дека не ми дошле најголемите проблеми, а јас веке не можам да издржам, се пореметувам. Не знам што човек треба да си, за да го издржиш целиот притисок што ти го ствара животот. Ме плаши и тоа што почнаа и моите да се потпираат на мене мислејќи дека сум јака и можам да издржам се. Ги сакам, и морам да го поднесам сиот товар. Знам дека ке дојдат подобри времиња Драга, но што до тогаш. Колку нервни клетки ке ми останат здрави.
Го слушам премиерот на вестите искочи на прес заради невремето што не снајде. Па кое невреме беше бре човеку и колку си ти компетентен да збориш за решавање на проблемите предизвикани од истото.
Ги мразам празнициве и имам причина да ги мразам. А да направиме магија и да ги прескокнеме, не ги можааааам..... Чекам да ја направиш магијата Драга, а до тогаш поздрав и секое добро.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Драга... не го фрлај во кесе и контејнер тоа што им треба на нашите пријатели,
поготово не денес и друг пат на вакво време, направи добро дело,нахраниги,
Picture 1942.jpg еве вака ,ако те мрзи да се симнуваш доле,фрли им од прозор,
Picture 1943.jpg но мене не ме мрзеше уште рано наутро се симнав доле на снег.
Picture 1944.jpg ете да не им студи на нозете им издробив тврд леб на суво,
е потоа пак јас не чинам, пак таму некој ќе каже немам креативност или некоја.......
ќе рече Д.....т а нема да каже гргулот што ги рани голубите,оти ќе и се исуши устата,
а тек дури да знае дека уште додека вееше синоќа,нејзе и за такви како нејзе ЈАС,
земав и очистив снегот пред гаражите,оти е удолница за да можат сега да искочат со колите и да се пикнат во некоја администрација и зјапат од прозор во некој пејзажи.
Затоа драга уште два дена ќе издржиме:popce:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom