Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.179
Поени од реакции
13.460
Вие што кога ќе ви речев малку кечап ми стававте по 3 кила плус три од карти во хамбургерот успеавте во животот? :neetaka:

Одам да читам темава за собиранкава 30 страни заостанувам, да го надополнам градивото и психички да бидам со вас, ако не физички, да видиме што филм било :jajce:
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Благодарам Никола (веќе и ништо не ми толку важно).
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.636
Поени од реакции
31.850
Ко че ги читам муабетине во темата за собиранката, само го потврдувам едно мислење дека местово Кајгана е повеќе од форум. Зад секој еден ,,виртуелен лик" се крие човечко битие со свое дејствување. И ептен ми е мерак ко че видам онака како се дружат луѓево, заживејуваат еден со друг, стануваат пријателчиња, другарчиња, и секој еден тукашен пишан збор добива една поинаква димензија, едно подлабинско значење.

(y)
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Драга
Срам и арам сме во државава.
Колку сака нека звучи себично или не знам како, ама ко ќе се речи дека све се сконцентрира во Скопје и навистина е така.
За 5цм снег се потрошија тука тони песок, сообраќајна некултура насекаде, верижни судари, триста чуда. Тука и дожд да заврни, се прави ненормален застој, а снег е веќе елементарна непогода.
Она шо сакам да го кажам е дека камионите на Македонија Пат од Стража, овој пат сигурно по некоја наредба тргнаа да ги расчистат тие 5цм снег во Скопје.
Во ред тоа, ама ако немаше еден куп возила заглавени после Стража и Пресека.

Не знам колку е известено за ова на медиумиве или битно се кажува дека Скопје све е исчистено,ама ете..
Вчера сите шо тргнаа од Скопје за Охрид во 1 сатот поручекта, уште се повеќето заглавени во околината на Кичево. Патот на никаков начин не е прооден.
Ајде тие кај Кичево барем имаат бензиски продавници, тие после Стража и кај Пресека ненормална голота во 21 век видоја.
Не, е само тоа. Муабетот ми е како на 28 Декември си спијат службите на едно уво и оставија 24 часа да заврни снег и да ги затрупа на превои кај шо се знае дека снегот секогаш е проблем.
Ќе ја искористам сликата од еден другар, да видиш шо ги снашло


Ко сред Јули да им заврна снег, па да се неспремни.
Срамота е ова.
Многу студенти едвај чекаат за Нова Година да се вратат дома, а остануваат 24 сати заглавени на места кај шо мртво пиле не пее.
Цел фејсбук ми е преплавен со информации за тие шо заглавиле, а по порталиве .
Се фалат евакуирани биле возилата на Пресека уште вчера. Тикви биле евакуирани, сите останаа така,а денес се пренасочуваат преку Демир Хисар.

Е, ова ти е Македонија.
Ќе ти ги сликав и гомнана во полсконо вц во Кузман,амa too much гадости на еден пост.
 
Член од
27 август 2009
Мислења
1.540
Поени од реакции
1.671
Драга
Еден ден покасно да се одлучев да доаѓам накај Скопје ќе ме снајдеше погоре напишаново....
Сега читам Сериозна ситуацијата во општина Ресен предизвикана од снежните врнежи, па немало струја. Колешка ми кажува дека вчера во Кичево одреден дел од денот немало вода. Тоа е кога сред зима снегот ќе те изненади.:facepalm:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Time to relax...

Како крцна рбетов се одкостив, односно ми се наместија коските, чајче си пијам моментално релаксирано опуштено едносмислено.

Еј ги пробав овие вежби за подбрадок, не дека имам голем ама сакав малку да затегнам,и го затегнуваат добро вратот пробани ми се вежби под број 1,2 и 3.

http://www.healthyandnaturalworld.com/lose-double-chin-without-chin-liposuction/

Чајов почна да делува сега кога ќе му ја залегнам...

 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Сакам да му се заблагодарам на декември што не излезе одвратен и злобен ко останатите негови 11 другарчиња. (Февруари не сум те заборавила, само немав доволно време да ти посветам годинава.:sakasuste:)

Каква беше годинава, декември ми излезе рај. Дури и прв пат после којзнае колку време ме фаќа новогодишна еуфорија.

Уште месец и нешто ситно до февруари, ќе биде весело.:icon_mrgr:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Дали ти тоа го хејташ февруари???:icon_lol:

хммммммммммммммммммммммммммммм
Февруари ме хејта мене со години, јас само возвраќам на ударот.:bance:
Те молам да бидеш во тек.:pipi: Како си на форум, а не знаеш за мојот однос со февруари? :icon_mrgr:
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.900
Поени од реакции
11.646
ДК
Среќна нова се најбоље у кариера, многу кеш а со него и здравје, долу влада и повеќе храна за бездомните и животните на улица. Ваква година сум немал досега, ама у глобала посакувам нареднава само да најдам асална работа и да ги вратиме овчарите онаму каде што им е местото, а не во влада и собрание.
И албум ќе вадам и цел свет ќе го шетам, иако овде никој нема да ме познава. Тоа е убавината злато мое.
Позз #destepicke! се нај нај <3
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom