Драга...е ова ни на сон го нема...сабота вечер, барајќи ја куќата на мојот сакан, налетувам на првата ми љубов, љубовта што мислев ќе ми биде прва и последна, после која нема никој друг да сакам така силно...А и двајцата живееме на другиот крај од градот, првпат таму сношти го видов, всушност и ретко го гледам, обично 2-3-4 пати годишно...Сигурно и тој си помислил - што бара оваа тука? - како и јас за него...
Види што ти носи животот, каков тест еј...Да, засакав друг, но некако не можам да проценам дали навистина сега сакам посилно или така ми се причинува...Јас првиот го доживеав како голем бум во мојот живот...сегашниов исто така, само во различно време...Првиот речиси ме пепелоса, а сега пак му ја давам таа моќ на друг...
Но она што најмногу ме остави во мисли е тоа дали после х години, ќе поминам и покрај мојата нова љубов и ќе го помислам тоа што го помислив вчера-Помина!
Не сакам да помине драга, не и оваа!
