О драга ми недостасува времето,после ратот,кога од немаштија или од скржавост,
или од друго нешто носевме многу кратки панталончиња (имам и негде слика таква),
па така облечени од улица „Савска“ (каде сум роден), одевме на Водњанска,карши главниот влез на Државна,имаше еден дуќан за кори и кадаиф, па јас или ние копиљи,
од тоа маало (значи водњанци,познати по тепачките со дебармалци) ќе одевме таму и за пет ПАРА (бела алуминиумска монета) ќе купиме неколку тутурки-корнети за сладолед.
Таму во тој дуќан секојдневно одевме, и често и повеќе време седевме-гледавме како се прават-печат тие корнети на машината кое и одеше доста брзо, во секое калапче а ги имаше повеќето одеднаш се правеа, се ставаше малку тесто (автоматски) и потоа со друго калапче се сета машина затвараше и печеше кратко време. Јас најповеќе ги сакав попечените,малку изгорени тутурки-корнети,а оние пак што ќе се залепат во калапите,па се оштетуват при вадењето мајсторот ни ги даваше и поевтино.
Мислам и сега би го препознал мајсторот (беа двајца во таа работилница) во сред ноќ,иако поминало многу време,многу , многу повеќе од половина век од тогаш.
( јавете му и на ДОБРО ПОЗНАТ да го прочита ова.) го има ли ова во тефтерите на Д.К.
@dobro poznat ) ,а сака ли да чуе нешто за Колишевски,Гигов,Абаз,Биљановски)