Ако сакаш на некого да му дознаеш коефициент на интелегенција, едноставно прати го кај Лила во квизот "Се или нешто", кутијата која што ќе ја чува за крај (најчесто е датум на раѓање, датум на прво бањање со јаце, датум на прв пат кога се видел/а со симпатијата, датум на прв состанок, датум на положување за кола, датум на роденден на пра баба, датум на регистрација на кола, датум на слава, именден, крштевање и сл.) му го покажува коефициентот на интелегенција.
Ако чува повеќе кутии, се собираат бројките на кутиите и се делат со бројот на кутии кои што ги чува за крај, со цел да се добие средна вредност.
Ако не чува ниедна, тој/таа да го/ја чуваш бе лепотице/лепотану.