Драга К,денес се вратив од патување,бев во Барселона и прекрасно си поминав.Сите што го посетиле овој град можат да ти потврдат со каква страст дише само.Наполнив душа со уметност,музика,хумор,топлина...ставај,ставај не собира више а во Македонија брзо се трошат овие работи меѓу сите сивила.
Посетив добар дел од музеите,се изначекав за да ги видам делата на Пикасо но вредеше,пробав изнутрици од теле во Тапас,гледав фламенко во просторија не поголема од гаража,заклучив дека Гауда бил луд и си најдов нови пријателчиња од Италија и Австралија.Плус си купив книги,што повеќе.
Кајгано,Барселона те поздравува!