@Io Sono Interista
Во Казахстан целна група се Туркменистаните кои во голем број се таму, а од друга страна пак нивното одење кон татковината на гости е малку комплицирано.
Еве зошто
- Туркменистан е независена република од 27 Oктомври 1991, односно само месец ипол после Република Македонија.
- Главниот град на Туркменистан Ашџабат има 574.000 жители, нешто помал од Скопје. Во 1948 година бил збришан од катастрофален земјотрес кој убил 150 000 луѓе.
- Златниот орел и Персискиот леопард можат да се сретнат единствено по Туркменистанските шуми. Поради тоа тие важат за национално богатство. (нешто како белоглавиот орел и рисот кај нас)
- Најзастапени агрокултурни гранки се: житото, памукот и сточарството. Најразвиена индустрија им е текстилната.
- Во Туркменистан владее еднопартиски систем (диктатура) основан од Претседателот Сапамурат Нијазов. Тој исто така е познат по сензационалните градби и скулптури кои можете да ги погледнете подоле кај сликите.
- Населението во Туркменистан се состои најмногу од муслимани и православни христијани.
- Во 2001 година, Туркменистан безмалку влегува во вооружен конфликт со Азербејџан.
- Во тек е демаркација на границата со северниот сосед, Казахстан
- На 4 Aвгуст 2005 година, Туркменистан вдоми 16 000 бегалци од Таџихистан, при што тие и останаа таму.
- На 25 Oктомври 2005 Туркменистан најави воведување на нови пасоши за граѓаните. Тие ќе бидат по највисоки меѓународни стандарди и ќе содржат дигитална слика од сопственикот, отпечатоци од прстите и дигитализирани податоци. Сопственикот на првиот таков пасош ќе биде самиот Претседателот Нијазов.
- Тамошното население гаи култ кој Александар Македонски, затоа што на пат кон Индија Александар близу денешен Mary го основал градот Александрија... поради тоа Античкиот Туркменистан се сметал за нов центар на Светската цивилизација
- Неодамна во Туркменистан беше прогласен ден на дрвото каде што беа насадени голем број на садници (види во сликите)
- Во 2007, поради големата побарувачка Туркменистан речиси остана без плин, по што беше потпишан договор со Русија за изградба на гасовод и сврзување со Европскиот
- Во Туркменистан нема сида
- Oд 1ви Јули 2009 година во Туркменистан, стапува на сила законот за трето дете, каде што поради нискиот наталитет владата ќе обезбедува бенефиции за секое семејство кое ќе роди повеќе од 2 деца
Неколку слики од Ашџабат и Туркменистан