Веќе трет ден по ред одам на посета кај татко ми на болница. Не е мирен, не слуша, се понаша ко цајканине од The Wire после секоја успешна акција, ракиче ова она, лекојте не ги пија што му ги даваат, води инаети, и ете че лежи сега некое време за да му дојди умот и да се заозбили малку. И ај реков за момент да му се пофалам дека сега јас сум мажот во куќата и му велам:
-Jaс сум мажот во кујчава..........дома.....
-Плати сметка за струја?
-Не
-Плати сметка за кабловска?
-Не
-Го обра лешникот назад во двор?
-Не
-Ја искоси тревата напред?
-Не
-Браво....ептен си бил маж, абе мажиште!
Во право е, ме слизна онака полека. Чекам да го пуштат деновиве. Во меѓувреме ќе испечатам еден огромен флаер со пречкртана ракија, онака за кога ќе си иди. Првото искушение со сестра ми планирам да му го направиме. За него сок, ние ќе локниме од виното бело шо го имаме долу
п.с досадно му било в крај, па му ги однесов сите можни книги од Стале Попов. Ја прочита Калеш Анѓа, сега Крпен Живот ја тера.