Ди Кеј,
Вчера седев у едно друштво каде машки бевме само јас и уште едно детиште. Немав 3G, а немаше ни интернет во станот. И си викам, ај ќе тепам некој муабет со жените. Едната од нив има 25-26 години и за прв пат има посериозна врска. Бараше совети од другите жени за тоа како би требала да се однесува....
Едно од прашањата беше вака:
- Дечкото ми рече дека не сакал јадење што е подгреано, туку само кога е скоро зготвено. Дали мислите дека ако јас го спремам јадењето и го замрзнам, а потоа пред тој да дојде дома - го зготвам, дали ќе примети?
Муабетот беше за неколку години во иднина, кога тие двајцата би живееле заедно...
Врската им трае 3 месеци.
Јас го исклучив мозокот после овој муабет.