Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
B

Borg_Drone

Гостин
Сертификат за познавање на јазикот, C1.Фала, чао, пријатно!Али пивото на Швабите им е феноменално, иако тоа ништо не е во споредба со Скопското, кога говориме за процентите на алкохол.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Драга...

... заеби одмор, идење на одмор на мои години со моите расположливи финансии, желби и размислувања за тоа што го прави еден одмор добар е повеќе замор отколку одмор. Вистинскиот одмор си го добив деновиве, си го дадов самиот на себе и не потрошив ни денар. Тотална изолација од форум, фејсбук и угасен телефон, без некаква посебна најава од претходно кон најблиските. Три и пол дена без интернетов и секаква електронска комуникација се чинеа како 2 недели, многу време за размислување, можност да се пронајдеш малку себеси без да бидеш под туѓи влијанија. Иако ми фалеше таа константна комуникација, сепак вредеше. Навистина се одморив и се осеќам многу освежено.

Си почнав и пракса, полека да почнам да навлегувам во животот на возрасните личности, и засега интересно ми оди. Убаво се осеќам, по малку и како на свеж почеток додека исчекувам да ми почне новата година на факултетов. Без наметнување и како добронамерен совет би му го препорачал на некој, доколку се осеќа како без компас, монотоно, со испревртени мисли, помалку збунето и под некаков необјаснив притисок, да се оттргне малку од интернетов, ден-два, не мора којзнае колку, ветувам дека добро ќе се осеќа.

Меѓутоа колку и да беше добро, it's good to be back :)
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Драга Кајгана,
Гледам сите кукаат нешто дека Фејсбукот не им чинел. Јас немам Фејсбук. Ама посакувам и Фејсбукот и Твитерот и сите останати такви срања да ги снема за навек и повторно да се врати маалскиот живот, топлината и дружбата помеѓу луѓето:)
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.180
Поени од реакции
13.460
Епа неможам уште еднаш кога пишувам forum.kajgana.com горе да пишам несакајќи со кирилица “фор„ и да ми излезе Фор де Франс, град во Франција. Мислам поише кликови таму оставив, него овде :rolleyes:
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.422
Поени од реакции
2.203
Кајги
Смачено ми е, животов ми е досаден.... сакам пак да сум 10 год.... тогаш се ми беше игра, смеење, радост, кучиња, мачиња, многу кал...
Сега само работа, седење со еден куп документи, надвор врне не се излегува, а и да не врне, многу ќе излезев, нејќум чоек да видам, со тоа мобилните ни муабет, ни бутур не мојш да напрајш! Главна тема кој колку испил, и кој колку се избрукал, детска работа...А и јас сум со старомодни сфаќања, така да подобро подалеку од таквите луѓе...Сакам многу работи да сменам, сакам јас да се сменам, ама не може, не можам да оставам на цедило некој, а и не сакам да разочарам.

Јбг, уште една ноќ, така изгубена...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom