Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Кога човек ќе се опкружи со убави луѓе, со луѓе кои го инспираат да биде подобар и да се труди повеќе, сфаќа дека оние лошите се небитни. #МоиМалиБогови
 
S

StormRage

Гостин
Кајг, се спремам некое време да се истурам ама ај денес ај утре, полека заборавам што сум сакал да пишам... Ама ми изгледа дека ова ќе биде километарското.

Иако после многу чудни материи низ крвта, praise the liver преживеав и вчера, па 12 литра бело вино за 4ца се многу, сериозно се многу... Ама то кока колата на крајот беше закон :D Денес кафето ми имаше вкус на глупости, водата дури не ми беше убава, а јадењето (well, уште сум гладен). Преживеав повеќе од пола ден со 4 цигари ама глеам сеа на кутијава црно и се пишува.

Плус то вчера свечености, едно време мислев дека изигравам обезбедување пошо бев застанат на вратата, скоцкан ко за свадба ебате. И го испозафркавав попот за да ме памти месец дена. На крај испадна да го читам говорот спремен за покојниот стрико на турнирот како најблизок од фамилијата и да ја доделам наградата со неговото име. Морав, иако мразам такви работи сепак некој го испоштова човекот. Шо е океј

Кога сум уморен или општо лошо се осеќам, ме фркаат лоши чувства. Ама ептен, полу депресија... Посебно during nightlight, абе уживам во то месечината ама вака некогаш не ја бива. Пробав да се окупирам со повеќе интересни работи кои би ми ја убиле монотонијата и сеа ме фрка монотонија од преокупираност, иако многу луѓе мислат дека не правам ништо пошо сум по цел ден online and stuff, а ја уствари се прам пред компјутер.

А иначе за прв пат ја извадив цела плата и ја оставив дома, пошо немам ништо паметно што би и правел. Подобро така него да послужи за убивање на џигерот без потреба. Али да, си го накрцкав фрижидерчето пиво, да се најде. :D

п.с. Новиот албум на Atmosphere е закон

п.с.с. I'm not the best, but I'm in the top two! :P
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.891
Поени од реакции
116.220
Кајгана,

У задње време некако џгуљаво ми е, безвезен ми е периодов..., али денес сфатив дека сум бил грешка за некои работи. Ти викам у последно време се нешто мислам дека неам среќа, дека ме прати некоја мувла, дека животот ми оди во надолна линија и слично. Си викам во себе се по една на тикет ме паѓа невиден малер сум, испит не можам да положам сесијава ич неам среќа, се за малце... Али денес требаше да идам у Хавана, ме викаа од друштво, али им откажав затоа што требаше со моите да одам на фамилијарна вечера кај роднините каде што бев девер пред месец дена на свадбата за да ја гледаме свадбата. Верувај Кајги, нема поубаво чувство од тоа кога си со најблиските на маса, сите се смеете заедно, среќни сте, се радувате на прекрасни моменти. Па што кур повеќе од ова ми треба? У кладење сум немал среќа :tapp: Ебате глупердата што се нервира за спортска. Исто и за факултетот. За малце поени а? Па од недоволно учење и од заебавање е, не е до среќата. Ете среќата си ја видов денес, ја имам во изобилство и апсолутно не ми недостасува. Ич не зажалив што не отидов у Хавана, таму можам и следната недела да идам, али вакви собири со фамилијата се од непроценливо значење. Се надевам во периодов што следи, таму до септември негде дека ќе си ги средам работите и се ќе си дојде на свое место. I believe in my self ;)
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Здрацо,

седам како умрен пред пц, Руни (мачето, му го сменив името, не е веќе Шалке) ми спие до нозе, телевизорот рандом пуштен и само слушам *програми што можат да ја вознемират малолетната публика, потребен е надзор од родител или старател* .... и почнува Јанко. :facepalm:

Ало ретардирани телевизии, Јанко мртви луѓе може да вознемири ако го пуштиш на гробишта да лае, вие ми предупредувате само малолетна публика. :tapp:

Глеам Грција фудбал, ај воздра.
позз.
чхао.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
^ Ти се научи да читаш и да пишуваш, за да знам дали да се мачам да ти реплицирам?
 

King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
Си седам вака свиткана ко перек, решавам графици, надвор се разденува.. Се издрогирав јако со казан нескафе, мозоков ми е турбо!
Многу е чуден периодов, чудни ствари се дешаваат околу мене.. Другарки имаат љубовни перипетии, една колешка испративме у Америка на печалба летово, конечно најдов асални луѓе за праење бенд и иам претчувство дека нема да мора трета среќа, ќе бидне работава од втора.. :)
Утре ќе се ОКОЗАМ од учење, задутре полагам па ќе се растеретам малце од факс и почињам со проби..

Мислам дека кармава почнува да ми враќа за мачењето овие неколку месеци!

Од тој хаос шо ми беше у глава зимава не остана скоро ништо, некако као да се редат коцките :)
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Кајганче!
Ми го касапат маалото :(. Мислам дека e едно од малкуте ако не и единственото маало во Скопје каде што останало зеленило читај дрвја, здрави и прави кои сега непотребно се рушат и се сечат! Проклет да е оној кој дал ваква наредба а неговите деца/потомци д од детски живот да не видат! :place:
 
Последно уредено:
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Во име на љубовта направив голема глупост. И не се каам :pos: Ако пред некој ден реков дека се откажувам сега ќе кажам дека не се каам за направеното. Конечно се средија работите :icon_mrgr:
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.178
Поени од реакции
13.459
Сега се вратив од екстерно, математика полагав. Кои комедии паднаа еј, најпрво сите излегуваат за 5 минути, на тепка што си одговориле и останувам јас и уште 2 бубалици. И сега овие цело време се бунат, поминува времето, доаѓа 10 минути до крај, јас онака си седам си размислувам и бројам лисја на гранките низ прозорот и одеднаш глеам овие почнуваат да се дерат, да квичат, да дебатираат за прашањата што не биле од понудените, одеднаш доаѓаат и од министерство и други професори во четврта или прва што предаваат некои и доаѓаат забелешки зимаат ово оно. Јас онака цел се кикотам, незнам дал да се газам од смеење или да седам мирен, онака лудило беше 10 наставници зимаат забелешки со пенкало и лист на 2 деца, абе циркуси... Јас не кажувам како напраив, што напраив, државна тајна е :D Вчера легнав во 5 и 15, лифчиња правев нешто формули пишував, се чуствувам ко посрана кола од птица. Во меѓувреме и сум заплеткан во гомна како климентина во пајажина бидејќи денес морам да поправам 2 оценки и да одам во школо, и покрај тоа што сум ослободен, бидејќи господичните до денес се во школото, а јас појма немам бидејќи учев математика, логично нели...

Криво ми е што послабо минативе 2 дена го пратев форумов, гледам баш многу интересни теми и работи има за читање, ај нека помине денов и ќе заглавиме на форумов ;) П.С. Златно основно немаше ни екстерно ни бакрачи, годината ни завршуваше крај на мај и сега не доаѓавме во школо, а ако веќе одевме се прскавме или се бањавме :place:
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.727
Поени од реакции
13.464
Quick note
Ако икад праат биографски филм за Мило Ѓукановиќ, мислам дека Cal Lightman од Lie to me ќе биде најбољи избор. :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom