Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.507
Поени од реакции
1.722
Кајгано ти ветив. Еве си во нова, подобрена, бр.9 верзија:)


Драга ма... Look who's back:D

Глеам Стрит Денса се пожалила веќе:)

Е сеа ја сум на ред да се фалам:)

На 16ти всушност тргнавме два саати покасно од предвиденото. Прво, немаше место во автобусите, второ, пасошите каснеа од Србија и трето - визите беа утнатни на неколку места:)
Како и да е, по два саати мрзнење на Дрво-декор, конечно тргнавме... По пат убаво. Си игравме мафија, МЛС, асоцијации, пантомима на песни, филмови, реченици и дури успеавме да играме и расипан телефон:)

Да започнам со Плитвички. Иако стигнавме на затворање на парков, успеавме да видиме голем дел од она кое ни беше ветено. Освен крстарењето по некое од езерата друго сè добивме. Водата кристална, чиста со небесно плава боја. Јата на риби кои смао лебдеа во водата. Огромен водопад и прекрасна пештера.
Заклучок: Околу 150 слики:)
Во Лидо ди Јесоло стигнавме вечерта кај 2 некаде. Мртви утепани дознавме дека сме поделени во три хотели. Ние бевме со класот со кој бевме во автобус (многу нормално нели) и со турската паралелка... Малку се разочаравме шо сме поделени така ама на сè заборавивме кога влеговме по собите. Наместо клуч имавме картички. Во собата нема струја или вода ако картичката не си е на место во слотот. Ролетната од балконот се спушташе и креваше на копчиња:) А темепратурата во собата си ја контролиравме сами. За вц-то муабет да не праам. Имаше место за да играме, фудбал, кошарка, бејзбол, рагби, ватерполо и голф и тоа истворемено:)
Широка туш-кабина (другите хотели немале туш-кабини:)) и чисто вц од плочки да седнеш да јадеш:)
Поглед од тераса директно на море. Насабајле, оставаш торнадо соба, вечер се враќаш во кралски апартман. Имавме собарица еј!!!
Доручекот ништо посебно. Ова италијаниве мрзеле доручек па онака колку да се рече јадење имавме...
Ама затоа кафе, чај, капучино, топло чоколадо, чоколадно млеко си имавме неограничено:)
После доручек ја посетивме плажата.... За да не ја опишувам ќе објаснам вака... :vozbud: :vozbud::vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud::vozbud: :vozbud:
Мислам дека ја доловив поентата.
Венеција беше многу повеќе од она што очекував. Мирисот на влага за кој сите зборат го осетив само на 2-3 места а не низ цел град.... Да раниш гулаби на плоштадот св.Марко пред истоимената црква и пред најскапиот кафич во Италија (каде еспресо со кисела вода е 37 евра) додека ечат камбаните од црквата е нешто неописливо.... Се чувствував како гранка кога по 5 гулаби ми стоеја на двете раце (и еден на глава:)).
Си се повозевме на гондола:vozbud:Прекрасно беше... Да не се заборавам на Венеција... Во друга прилика повеќе...
Вечерта скокнавме до дискотека Splash!!! Со два-три збора, лошо наместена, тесна без мохито дискотека.
Заклучок:200 и нешто слики:)
Верона на влез и не беше така убава. Иако касневме саат зад другите, сепак имавме саат и пол за разгледување на Верона. Си се сликавме пред третиот по големина колосеум. После, ја држев статуата на Јулија, која се наоѓа под балконот на типкава, за десната града (така машките замислувале љубовна желба, а женските ја држат за десна рака). И на крај трчавме за да стигнеме на време на плоштадот и да тргнеме за Милано... Можеби ја видовме Верона на кратко ама важно беше прекрасно она што го видовме...
Милано започна од никаде да се појавува пред нас... Згради со футуристичка форма нè дочекаа на само 5 минути пред нас да се појави дел од Сан Сиро. Штета што немавме време да отидеме до стадионов.
Како и да е, кога се симнавме се упативме кон Il Duomo, втора по големина Катедрала по св.Петар во Ватикан.
Од тука се упативме пората која води кон Миланската скала и споменикот на да Виничи.
На крај, изморени от шетањето и разгледувањето на Милано испоседнавме на јадење:) Додека пола од генерацијата бараше МекДоналдс за да гнете фаст фуд, ние си седнавме во ресторанче и си каснавме оригинални тестенини. Taglietti bolognese беа прекрасни. Комбинирани со услужливоста на италијанците и десертот после ручекот беа една од најубавите работи.
Вечерта решивме да останеме у соба и да пиеме сите заедно. Околу 2 и пол - 3 вечерта во соба ни се приклучи и класната, и иако не пиеше и она сепак си имавме весела атмосфера. Цел клас заедно на купче.
Сабајлето тргнавме за Постојна...
Прекрасно беше внатре, само што не го видовме рипчето:(

Како и да е, сабајлево стигнавме први во Скопје:) До пред малку спиев и конечно за време од 6 дена, се наспав:)

Ајде да одам да се подсредам малку и да легнувам пак:)

гладиус, over & out:поспан:
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
ПРВ! Сеа ќе едитирам.

Е драга,

Челзи демолират све живо и диво. :icon_cool
Сите арни, ми фалит Охрид, досадно ми е, утре ќе се напрам тиква. Или заутре најкасно.
Кис.

П.С. Сфарно животна желба ми беше прв да постирам во нова тема на ДК. :)

Ф.
 

Џ.

Ќутам на различни теми!
Член од
14 јули 2007
Мислења
868
Поени од реакции
183
Трета :fail:
Само што јас нема да едитирам :fail: само ќе ти се пофалам.
Одам да пијам капучино со цимет.
Љубоморна си ?
ЗНАМ!
 

jovanovski

Motherfucker Jones
Член од
30 јуни 2008
Мислења
3.789
Поени од реакции
1.294
четврто за петто :)
оти кајги не фатив на спортскаааааа:bambam:
само една ме заеба и то дома :pos2::pos2::pos2:
надајмо се утре ќе фатам(прашање е што :)) :)
 
Член од
31 мај 2008
Мислења
803
Поени од реакции
32
хехе меѓу првите.па од утре прв ден оваа година на предавање :vozbud:...ќе ме пукнат кај бев досега...еее па се знајт дека бев на форум :pos2:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ааааааааааааааааа МИЛАН! Ааааааааааааааааааа МИЛАН! Не можам, не можааам! Пирло кога го даде голот, мислам дека инфаркт ќе ме стрефеше, премногу радост за мене беше тоа. :manikir: Среќна сум, пресреќна! Преубава утакмица, а највеќе ми е мило затоа што сите пукаа сеир на Милан на уште непочната утакмица, а “пензионерите“ им докажаа дека кога човек има мотивација и желба и покрај се може да го добие тоа што го сака! Пресреќна! Пак ПОТЦЕНУВАЈТЕ ГИ! ПАК!

Иначе денов во глобала ми беше многу евентуален, ама ќе пројде тоа. Ова утакмицава ми го крена расположението до плафон.

...дива детелинеста јагода...

П.С. Ме удри струја прееска кога си идев накај дома и тоа од лифтот. :icon_lol: Сеа ми е смешно ама прееска беше језиво. :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: MIL
N

navivacka

Гостин
Oпаааааааа Кајги,си се подновила:)

Aj нека е честито нова тема,и се надевам дека нема да пишувам многу негативни постови овде,но што да се прави во такво располоежние сум моментално,негативно сум расположена,ете сега ке си легнам без насмевка на лицето и отечена во очите од плачење:cry::cry::cry:

Кајги зошто се однесува така со мене?зошто?што сум сторила па да го заслужам тоа:uvo:играчка ли сум јас?најлошо е што не знам зошто се однесува така...ме боли тоа...како да му простам кога веке и самата незнам што да мислам:nesum:

Ај ке одам малку да прилегнам...од утре понатаму ке ме нема некој ден на форум...

Причина:Потребно ми е малку време да заборавам на некои работи да одлучам што да правам понатаму,но не грижи се,ветувам дека ке бидам добро.Ке се вратам добра и свежа...

:salut:
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Драга Кајгана,
си купив чкарт патики од бит пазар, но најубав дизајн до сега за мене. :)
Ам хепи! :) Колку што можам, со полускршено срце...

Леле Кајгано и Крејзи ин Лав, спортскава денес и вчера ме уништи, се живо утнав :)
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Анано!
Ке се караме!Јас скапувам од учење а тебе до подновување ти е дојдено!
Леле мааа...
Не ми се учи веќе.Последниве неколку дена ми се мизерни.Учам по 10 саати дневно.Вчера учев до 3, денес сигурно до покасно.Па не знам ни која е поентата да си легнувам за малку.Подобро да одам на колоквиум директно така научена свежо.Ќе растурам нели?
Морам да си правам вакви ресотки на мозокот оти ке почнам да сецкам со главата на страна или да мигнувам на едното око.
Него, не ми се верува дека прееска се пресмеав на медицинска зафрканција.Која само јас и Мони ја разбравме btw.Станувам geek душо:jaj:
Ајде доста беше драга....back to work...
уште 50 страни....
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615


Facebook...го мразам....“Facebook defines relationships. 'Yeah, we would have broken up last night, but the net connection was down.“
Кајге, и ти си ми при крај веќе....
не си интересна повеќе...конечно ми здосади...
математика тестот го одложивме за у среда
физика за у петок
македонски за у четврток
пракса за у четврток
математика изборна за у петок

интересна недела следи...
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
драга,
шо муабет бе шубо трет си бев ме избришија. Е ај сеа.
Инаку сакав да ти кажам дека сакам да одам „ у Новом Саду, на Дунаву“.
Можи и ќе одам па од кај знајш

еве ти леп поздрав со песмата


†GODLIKE†
 
К

кременко

Гостин
нова тетратка а а а а а а а :vozbud::vozbud:

оваа за прва смена е или за втора ?!

ама еве ја ти пишувам на трета смена, оти неам попаметна работа, гледам во монитор и ништо не праам,ако имаш некој лек кажи ,ако не вардар не ми бега

аии лошо е тоа што повеке не ми функционираат прстите :toe::toe:

се гледаме во наредната епизода од ја и ти

воздра......:smir:
:helou:​
 

DonRistovski

Peace Disturber
Член од
1 септември 2009
Мислења
3.380
Поени од реакции
3.881
К@jG!4,

Многу глупа ден...смртен случај, сите плачат, не можат да се соберат...Само сакам да ти кажам дека многу ми е тешко и сакам некој да ме расположе...

П.С. Кајгано уште малку ми е роденден...едвај чекам :vozbud:
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.554
Драга,
Е ај и јас да ти пишам како и другите во новата верзија.Сабајле од 9 на тренинг а јас дежурам на мсн.:toe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom