Епа стигна и тој ден, мојот роденден
Сега ниту годишниот тест математика што ќе го правиме наредниов ден, ниту 4000 задачи што треба да ги решам до тогаш, ниту двојките што ми се ставени во ебаниот дневник заради „неактивност„, ниту тоа што ќе треба да се тресам уште 10 дена дали ќе земеме конечно титула, ниту сите душмани, клети фаци и серковци НЕМОЖЕ ДА МИ ЈА СКРАТАТ СРЕЌАТА
Утре си нарачав торта, да си гнетам ко човек, заеби здрава исхрана, протеини курци палци
За 4 дена ќе си трчам на маратонот на ова 5 км, втора година по ред, оваа година одеме појако и до подобро место. А и да си ја кажам желбата јас, минативе години не ја кажував, па видов колку ми се исполни
желба ми е господ магично да ми даде храброст и самодоверба да кажам на една личност што чуствувам кон неа, да заврши и таа агонија, ова другарствово ме уби