ДК,
Денес беше ептен продуктивен и квалитетен ден, како спиритуално, така и материјално. После долго време конечно пак на работа и се чувствувам дека нешто вредам, се чувствувам убаво и бајаги се уморив, покрај сите срања што ми се издесија ми фалеше некаква ваква дистракција. Башка тоа, толку бевме денес добри со колегата и како награда си добивме торта од газдарицата, со оле, убав ден конечно, и полн џеб.
