Значи навистина се нервирам.... сметам дека кога ќе кажам дека ми е лош периодот и дека не ми е до ништо, треба да ме разберат луѓето, а не да ми се лутат, уште да ми создаваат грижа на совест, да треба да се оправдувам кога немам сила и воља да станам од кревет, а не па да се оправдувам и да мислам на се околу мене. Цел живот енергијата ја трошам на другите, гледам што е можно повеќе да давам позитивна енергија и топлина и бидејќи целата енергија ја дадов на другите, останав без неа и едноставно немам сила и воља за ништо. И кога тоа се деси, немам поддршка, едноставно само лутење, затоа што сакам да сум сама и затоа што отсечно одговарам.
Па тешко ми е у п.м. Ако сум идеалисти и ако сум позитивна личност, не значи дека никогаш не паѓам и дека секогаш сум весела. Знам, знам дека повеќе им одговара на луѓето да се преправам дека сум среќна, да се смеам кога не ми е до тоа, да сум весела кога ми доаѓа да се откорнам од плачење, затоа што НИВ така им одговара...
А не барам ништо, барам само разбирање...
Се извинувам што не знам да глумам, се извинувам што сум депресивна и не ми се станува од кревет, се извинувам ако мојата болка ви ја пореметува вашата шема, се извинувам што не можам да трчам при секоја титка, затоа што имам премногу проблеми со самата себе...
Се извинувам што барав само поддршка, а не лутење.
И фала што ми создавате назгоре и грижа на совест, фала што уште повеќе сум вознемирена, само затоа што сум зборела отсечно и не сум била расположена за муабет.
Ако, се си заслужувам. Заслужувам се што ми се случува.
Ајде докршете ме, затоа што не сум ви на услуга. Ајде плукајте по мене, затоа што сум тажна и скршена и не можам ништо повеќе моментално да дадам.
Се извинувам длабоко од мојата душа што не можам да давам топлина и позитивна енергија, зошто немам доволно ни за себе...
И тоа веројатно во ваши очи ме прави себична, right? :nesum:
А колку е интересно, што кога ќе ме праша некој како си, кога ќе кажам не сум ок, ќе ме праша што ти е и не ни дослушува што ми е, веднаш почнува со својот проблем и со моментот ЈАС. И на крај и покрај мојата состојба да го решам другиот проблем и да останам сама во 4 ѕида и да рикам од плачење, затоа што сум барала само прегратка, а ни тоа не сум добила.
Е па извинете ШТО НЕ МОЖАМ ДА БИДАМ 24/7 НА РАСПОЛАГАЊЕ!