Сите рикаат по тебе.
Ако.
Интересантно.
Јас сум со вкочанет врат, нулта инспирација, со потпиен мозок и ептен нервоза.
Зошто?
За у љис е муабетот, ама ај.
Громови у Рајот.
Хихи.
Вака... Имам 10ка, планиран викенд у Маврово, регуларна менструација, подпоминати главоболки и подочници, зелка за ручек и колеги што ги очекувам на утрински трач и кафе, и после се фрламе у море романи.
И сево ова е ништо.
Апсолутно.
Зошто? Зошто јас сум надвор од себе. Ништо не ме интересира, нит си го осеќам сопственото мрдање, дишење и слични примарни функции.
Гледав и читав за табуа, и пак почна да ме гризе антрополошки црвец.
Ова со весникот и критиката еби го, дотичниот Мистер не се појавува, мисли дека место мозок имаме пудинг во главите, а башка е Драконски препорачан, така што ни нокт од мојот најмал прст не би му фрлила в лице.
А и личи на педофил.
Друго, што сакав да ти кажам... Тапа. Не сме изглегле со децении, да се изжуркаме. Во средата беше топови и тенкови, а јас имав тенк во стомак и топ во грло, али јбг, тоа демек се викало Професионалност. Што ли значи тоа, во овие времиња? Да стискаш заби дур не останеш без нив.
Јеа рајт.
Ми се чкраба, па ќе си се олеснам. Многу ме нервираат одредени личности. Им укажав на тоа директно, и се смеат. Знам и зошто. Не делувам напорно и тупаџиски, толеранцијата ми ја газат и ете ти нервоза.
Се навраќам на моментот Биди ѓубре да те ценат. Ете до тие дереџиња ќе треба да дојдам. Не сакам, ама кој ме прашува.
Тате е цел ден на работа, мама помага наоколу, зошто сега се изгубени во свемир овие... Дедо ми пустиот, излапеан скроз, не знаел ни што се случува. Ако, можда поарно.
Ми треба детски воздух, отуѓен од гадости. Кај го има тоа?
Родител сум на сопствените родители.
Факултетот ми е шарена фарса.
Многу луѓе мислат дека сум несериозна и вејка.
И ме споредуваат со небулози.
Рано ми е за родителски.
Знам дека ќе успеам со маки пот и слични секрети за да станам она што сакам.
Луѓето што сакаат нека мислат, ако воопшто тоа е мислење.
Споредбите се грозни и асоцијативни. Ама. Фејк и природа не е исто.:baeh:
Што се замарам бре.
Битно си натрупав овде што си сакам.
Ми треба џоинт и да акнам бокс еден :back:
Чисто онака, ради разонода.
Или да го скротам по скротумот.
Ајт у ку*ац иди и ти и све.
Медс.