Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
M

M del Mar

Гостин
Lady
Ти имам напоменато дека со никој/а не се замарам, епа сега апсолутно со никој/а не се замарам...ама апсолутно никој не ми треба...нека се е*ат сите (извини али нервозна сум кога ќе размислувам на оваа тема. а тоа си иде само од себе)
До кого луѓево ќе бидат вакви?!?Само кога ќе им требаш тогаш ќе те забележат и тогаш ќе ти направат муабет...
Иначе стомак ме боли 3 дена...
Љубов - уште ми недостасува
Внимание - уште ми недостасува
Фала чао пријатно...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.079
Поени од реакции
74.824
Кај си ма:vozbud::vozbud: После 237674236786223 дена :) Мило што си повторно тука :back: макар што се изгубиле податоците од последните 5 дена :(
Ај кајги ти посакувам да не се губиш веќе вака, па да си се дружиме повеќе:pipi:
И спора си ко ракот на Џафери.....:helou:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Драга пред да те нападнат милион души со кукање и да станеш неинтересна за читање,би сакала да ги замолам да ни ги заштедат очите и да ни кажат што им се случило деновиве,ако веќе ја одберат темава.
 
Член од
23 август 2008
Мислења
1.755
Поени од реакции
264
Кара миа...
Мноооогу ми фалеше!:pipi:
лав јууууууууууууу
 
Член од
8 февруари 2009
Мислења
3.833
Поени од реакции
1.325
УФФФФФФФФФФФФФФФ СЕ ВРАТИИИИИИ СРЦЕ МОЕ НАЈСАКАНОООО ! ! ! НЕМОЖАМ БЕЗ ТЕБЕ ДУШО !:vozbud::pipi:
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Абе тапа сте со постовите - МИ ФАЛЕШЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ!!! КАЈ СИ ДО СЕААААААА!!!

Честитајте му на Тоше роденден, пишете колку родителите ве мразат, колку го сакате партнерот, колку ви било тапа денес, колку сте сакале да шлапкате по калта, до кај сте до факс, пишете ама се што ви се случува во животот само за да се задоволат ниските воајерски страсти на поединци... Нели и за тоа е темава?


Иначе ај да не бидам надвор од гладиусните стандарди за пост на ДК, ке пишам дека сум поминал топ надвор од форум. Плус и Титаник гледав. :vozbud:
 

GrouchoMarx

Мочко
Член од
26 јануари 2008
Мислења
2.907
Поени од реакции
469
јас деновиве без кајгана ги поминав со зголемена доза на седативи. Фала.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Тоа што ја немаше кајгана неколку дена, не значи дека правилата се променети. Пишувајте како што треба. Дарк ова и за тебе се однесува.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
2.681
Поени од реакции
182
Ова беше момент на инспирација, напишано пред некој ден, со намера да го постирам овде, па го зачував.

Патот е одамна одбран, се чека егзекуцијата.
Можеби круцијално грешев, сè што мислев дека е, всушност не е, или не постои нешто што е или не е, релативизам во сè.
Белата светлина, зелената самовила, изгледа тука е причината.

Одамна е решено, можеби и премногу одолговлекував. Дали ме чека нов почеток, или тотална темнина? Дали е тоа истата состојба слична на сон, или сосема различно искуство, дали може да се каже дека воопшто е искуство? Дали способноста сè да рационализирам до безвредност се стремев да ја постигнам, или тоа беше еволутивно вродено во мене? Дали има нешто по поминувањето на границите, или тука ќе го разберам концептот за непостоење?

Слушам звуци во далечината, ехото на камион во 7 сабајле не може ништо да го замени, освен неговата оригинална репликација.
Бело студенило, црни птици во далечината. Во состојба сум да продолжам до бесконечност, но знаеме дека нема бесконечност, постои само крајот, кој ќе дојде порано или подоцна.

Мислам дека сега ја сфаќам инспирацијата за нивниот труд. Треба само да се пронајде вистинската муза. Не бев ни свесен дека тоа беше последната голтка, последната од мој аспект, ах дали има нешто што не се покорува на релативноста. Мислев дека каменот во мене е непобедлив, но изгледа згрешив, да малечка, мислам на тебе, иако не сум сигурен дека ја перцепираш мојата мисла.

Дали ќе бидам запаметен или набрзо заборавен, се запрашувам и дали воопшто се грижам за тоа, или тотално ми недостасува емптатија, која никогаш не верував дека ја поседувам. Можеби несвесно решив сето тоа да го потиснам во мене, до ниво на исчезнување.

На момент ми избега мислата, не мислев дека го имам ова во мене, се трезнам со безбојната течност, се надевам дека ќе успее. Се обидувам студенилото да ми навлезе во крвта, ја гледам празнината, се додека ми гледаат очиве, но веќе е ден.

Момент на потполна јасност. Јас ова го разбирам, не ни очекувам друг да го разбере.
Ја гледам рефлексијата на изгрејсонцето, црвена точка во периферијата. Можеби ова е знак за да завршам, иако не верувам во знаци.
Не постојат граници, самите си ги поставуваме.
Сепак беше доволно, иако знам дека може да продолжам.
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Драга кајгана....само да знаеш како беше деновиве без тебе.... леле пукнах.Сите пукнахме.Молееме да се врнеш.Само да ми ги цидеш статусите на фб цц фала богу се врна шо ке правеехме без тебе!Ајде и друг пат не не шокирај вака!
 
P

PewDiePie

Гостин
Врагоњо зашто си санава ма? Крајно некоректно али ај фак ит....да не се повтори уште еднаш!
 
К

Кики.

Гостин
конечно пак те има ...
лоша кајгана лошаааа....:ne_zboram
туку да ти пишам тоа што сакав да ти го пишам уште во четврток

кајгич,
ме боли грбот :jaj: поточно ме убива :(
замисли денес идам да полагам и си викам ај ке биде се ок и првиот дел се беше супер, ама кога го даде вториот косата ми се крена. па ок е се јас сфакам и испит и ладно време, ама не мора бе животот да ми се згорчи со 1 предмет.
мислам, јас малер кој друг и бтв бев да си земам мобилен и идам викам LG KC 910 и дебилот од оне ми вика еве сега и го зема од излог и следува:
јас: друг неотворен
продавачот: нема друг само по 1 се секаде
јас: како нема друг? а овој што овде може да го фаќа секој што ке влезе?
продавачот: имаш гаранција ама да не ти кажвам приказни за мали деца :tapp:
јас: а кој ке го купи вака нечист? фала многу ама ваков телефон не сакам
и уште си се чудам колкав малер сум ЕДНАШ нешто ке ми се свиѓа и го нема за мене не е фер

ИЗВИНУВАЊЕ до личноста што ја изнервирав : знам дека ке прочита па затоа: извини што не дојдов ама стварно многу ме боли грбот а и не ми е денов некако :jaj:

ајт сега поздрав :smir:

е сега за денес
драга...
јас уште сум без телефон т.е. имам еден ама не сакам таков. чекам да ми стигне I-Phone-от. денес си ја сменив фризурата па од мојата вообичаено права коса сега имам виткана и ок ми е барем јас си ја свиѓам.

ИЗВИНУВАЊЕТО и денес ке го употребам :kesa: више срам ми е ама ладно е надвор и ми студи ...:kesa:
и кајгана јас сум најголем малер на цел свет
ајт доста ти е да не ти пренесам од малеров мој па пак да се изгубиш
поздрав:smir:
 

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.046
Поени од реакции
6.074
We Missed you.
Среќен Роденден Тоше!
Паднав Економија испит со 8 бода!!
И тоа.
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.270
Поени од реакции
2.271
Ах Кајганоооо!

Кај си ти заедно да го прославиме голот на Ил Мачедоно. Да беше тука вчера можеби и ќе ти пренесев дел од моите чуства. Никогаш сум го немал тоа чуство порано. Победа. Но, не Пирова! Заслужена! Сега веќе не можам да ти пренесам од чуствата, можам единствено по некој стих, ама ќе си го зачувам за себе, да не ми се налутат приврзаниците на прозата:wink:

А инаку штуро без тебе. Ќе видам те нема и гасам компјутер -> учам. На 2 пати си легнав во 10h(колку само смешно звучи).

Иако реков дека од средата што помина ќе се придржувам до: In hello body, hello ghost!, сепак не издржав. Не, не, не! Не дека не спортував. Спортував. Ама и пиев. И пак - не, не, не. Не пиев млеко. Пиев алкохол добога. Поѓаволите. Еве сега велам дека во петок ставам крај, но ќе дојде сабота и што? Ќе биде од 1ви. И да знаеш дека ќе биде!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom