Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.658
Поени од реакции
34.949
Во соседниот стан се доселија веројатно некои од избеглициве, како автобуска станица е веќе неколку денови. По цел ден се натаму-наваму, и до 2 навечер ги слушам како се кикотат и испуштаат крици како да се симнати од планина, и ко за беља баш од страната на спалната.
Ќе ги толерирам уште еден ден, и ќе им свикам полиција. Судејќи по лудоста на „опулените“ не би ме чудело да ме има и во медиуми, и да ме окарактеризираат како расист, нели треба со отворени раце да се пречекува се што не е Македонец :tapp:
 

TOT

sorcerer
Член од
2 јануари 2019
Мислења
790
Поени од реакции
1.289
Знам, селектирано ги меморираме работите, и парцијално, како во различни фиоки да се класираат, арно ама во памет ми оди едно златно време, тракава ме потсети. Малку до душа наивно, ама добро е така, мала финеса на наивност е добредојдена. Пример и да го погледнеме форумов од тоа време исто ќе констатираме, како и сите други сфери на нашето егзистирање.
Може на ист начин ќе погледнеме за времето сега во кое живееме 20 год. од сега здравје.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.489
Поени од реакции
16.137
Драга

Нека слави народот покачување на платата. Само нека се сети дека и тие трошки не се доволни да се покријат новите поскапувања на храната, струјата, бензинот и други битни работи. А да нека живее и враќањето пари на газдите, нели голем криминал е да си земеш сам тоа што ти припаѓа, а не е да му враќаш на газдата.
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.845
Поени од реакции
7.650
ДК,

думај еден ден да си ја изгледам The Book Of Boba Fett
 
Член од
17 декември 2021
Мислења
23
Поени од реакции
10
Секоја поента е безлична,кога една мала сатанистичка СЕКТА ви го контролира форумот,нејзиното име е О.Т.О.
Све ви е контролирано од нив.
(Дури и Ќељаицата)
Интересно,ама не !
Размислете ;)
 

SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.667
Така е тоа, отвара фирма со некој хипстерајски назив демек апликација што ќе ебе матер, по дефиниција завршува на буква О а незнае два реда код да напише. Али Џек Ма на ТЕД го гледал и он кажал дека немал појма од програмирање и ете што напраил затоа што ги нашол правите луѓе. И иде овој нашиов да лови таленти со неговата прекрасна идеја, ама ни пари има да плати, ни знае што му треба. Дреме у она кантинана на ЕТФ, после иде пие кафе у Џои од карши и се шета со лаптоп а на него или фејсбук отворен или јутјуб некој тед талк курац, и пробува да врбува студентарија за ич пари. Уплатил за курсеви на Pluralsight ни 2 минути вкупно нема изгледано. 10 години подоцна, збори по другари дека имал одлична идеја, ама у оваа држава ништо не функционира и он ради тоа не успеал ништо да напраи.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Драгичка,

Изгледа и мене ме фати короништево одвратно. Синоќа се осеќам малаксано, ич немав енергија од вц до кревет да си отидам, си викам ај неотспиен бев, рано станав, до тоа е. Сабајлево слична малаксаност и плус 38 температура.

Ти ебам короната одвратна.
После ќе испазарам за јадење и лекови и ќе направам еден брз тест, али сигурно позитивен ќе испадне.
Нема мрдање 2 недели во изолација, секако сам живеам.

Сакав да ја видам за викенд, плус роденден и' е, ама ништо. :(

Ако не преживеам, простете ако сум ви згрешил кајганџии и кајганџики.
Ако преживеам, ќе ме трпите уште, тоа е. :kezec:
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.627
Поени од реакции
8.497
Не ми се веруе дека ќе живеам у овој рај :angel:
1644322140376.png
У меѓу време другар ми ми нашол некоја германка и ме вика у Немачка....кога му доаѓаат на човек 5 те минути му се отвараат милион можности. Еве и тука, златна работа ќе оставам у време кога по некад заработувам у еден ден што сум заработувал цел месец, ама јбг екваторот е пресуден. Како мало дете се радувам, нек си ебе матер хахахх
Пред некоја година постирав тука слика од еден ресторан на вода, и како пишав само ова ми е доволно....две три год. покасно на дофат на рака ми е.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.704
Поени од реакции
22.125
Синоќа го сонував Цаки од Кисми. Разговаравме за македонскиот турбофолк од 90-ти и рани 2000-ти. Од некоја причина ги дисаше Огнени Момчиња, викаше дека Кисми за нив се многу подобри. Зборевме дека Пеце од Алпина е во странство, ја потпевнувавме заедно-Три грама памет немам како да сум дрогиран...


па се префрливме на Опус и си ја запеавме Две солзи ми капнаа


за на крај да завршиме со новата надеж на македонскиот турбофолк Ѓоко Јовиќ и неговиот Енерџи Бенд за кои Цаки не штедеше зборови дека се многу добри на взаемна согласност. Го прашав за нивната, на Кисми песна-На свадбата твоја. Се насмеа и ми рече дека често им ја бараат за нарачка.

Се разбудив презадоволен што универзумот или потсвеста ми сервираа таков сон. Толку епик конверзација не сум имал од 2011-та кога во еден ресторан во Битола го запознав Кире Мајмуно, тапанарот на Чоканче, каде што свртевме сто муабети за македонскиот и светскиот метал и рокенрол од 80-ти и 90-ти, за Дивље Јагоде и Зеле Липовача, за Чоканче за легендарни рок/метал анегдоти и случки од тоа време. Не знам дали он беше позадоволен што си најде соговорник што разбира тоа што има да го каже или јас да го слушам како збори за цел еден историјат.

Сабајлево се сетив на сонот на Кисми и на еден муабет што ми го раскажуваа едни белимбеговци. Седеле и љокале во некоја биртија со некој незгоден тип, некоја бараба што бил прилично агресивен кога ќе се напиел. И во еден момент типот почнал да ја пее На Свадбата Твоја, на цел глас да се дере. И, ги прашав јас, вие што направивте? Што да направиме пееме и ние на цел глас со него, иначе ќе почне да мава, ми одговорија белимбеговци. Се надевам ќе го запознаам еден ден Цаки Кисми и ќе ја запееме заедно На Свадбата Твоја



P.S. Ѓоко Јовиќ и Енерџи Бенд ја пеат кавер легендарната Окуј Ме Царе од Халид Бешлиќ. Доказ за тоа што со години го дрвам дека турбофолкот е чист рокенрол ако се преведе на англиски и му се додадат електрични гитари. Окуј ме царе е класична power metal балада, со цареви, љубови, окови и средновековни приказни и бајки.


и уште еден кавер на истата песна, овој пат со пропер бенд и тапанар што личи како да е од филмот Предатор. 100% метал/рокенрол.

 
O

onefifty

Гостин
Девојката што имаше „убава мачка“ кој се сеќава, методот успешно работи. Верувам за некој ден и официјално али и досега не е лошо.
Од сега пишувам на девојки само на пијано, ако дојде до тоа.
:ајнапиво:
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Сега бев цигари да си купам, одма до маркетот, во самата зграда има некакво си балетско студио.
Мамиците на тие 5-6 годишни дечиња што "учат" балет, ги чекаат пред врата а на паркингот ги оставаат колите запалени, на сама средина со што буквално го блокираат движњето во сообраќајот, а има место за да паркираат културно погоре/подоле. Во превод ако сакаш да влезеш/излезеш од паркинг не можеш. Блокиран е сообраќајот, други коли им свират овие мува не ги лази.
Парното гарант пука внатре 40 степени и дечињава како што искачаат од вратата, мамиците им велат на ќерките трчај, трчај побрзо ладно е, ќе настинеш и бум во кола.
Кај ќе настине за пола минута од врата до врата. Паркинг блокираат за нивните "принцези" да не претрпат 30 секунди "студ"! Болни луѓе у бестрга, што паразити ќе направат од тие деца.

Па ми се појави пред некој ден една компарација, родители и деца, во мое време и во денешно време. Жива вистина.
12572959_816298638499306_849427217087704686_n.jpg
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Драгано,

Снегов во Охрид ко секс за една вечер.Два пати годишно и сабајле немат појќе.
 

SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.667
Нереално ми е дека земјава нема грчка таверна, грчко гиро, грчка слаткара. Зашто оние Лемонис и Теркенлис не пробаат. Ене она Микел убаво работи. Гудис е умрено ама и не ни очекував да работи тоа у мртво Џамбо. Жими Платамонас рибарана. Порано имаше и гиро и таверна и слаткара. Сеа турците маме ебаа, тоа е. Ти ебам тоа Зафирот најгнсна слаткара у универзум и донерине со бубашваби.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom