Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Џ

Џонтра Волта

Гостин
Сакам однапред да се извинам што во следниве 5-6 дена можно е да се понашам како жена у пмс и да се закачам и расправам со сите, на сите теми.

На трети втори конечно видов нешто позитивно од мене ехехехе

Само еден ден благи симптоми, до душа два дена пошто за првиот ден што ме болеше телото мислев дека ми е од тоа што се претренирав стомачни и склекови.

Ме фаќа нервоза и досада, не ми е ништо а не смеам да искочам од соба. Играм фудбал менаџер.
Универзумот ми враќа со бирање на глупи филмови што воопшто не ми помагаат да се осеќам убаво а не нервозно за да се карам и контрам со сите.

Као за беља па англичаниве играат куп викендов, ама можеше да биде уште пострашно, фудбалска европа да има пауза овој викенд а не претходниот. Или јас претходниот викенд да имав коронче.

Интер денес игра градско дерби со Милан.
Ете ми шанса за поубаво расположение.
Ете ми шанса за нови симптоми наречени излив на мозок, температура, нервен слом, блам и мизерија.

На TLC има емисија со миџети.
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.208
Поени од реакции
9.764
Животот е убав по некад....., продадов еден катализатор и ќарив 100 евра, вечер сум на фудбал а утре ќе спијам до 12 и пак ќе играм фудбал.
Секако ќе мора да се штеди....да ушпарам уште некои 15к и здравје декември се селам на екваторот да се бањкам со делфини, ако све е по план. Проекциите за живот на плажа се реализираат брзо.....убаво рекле старите, пази што зборуваш па и да не си толку сериозен, може ќе се реализира нешто :LOL:
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.539
Поени од реакции
17.958
Tri dena temepratura i dve nedeli tecenje na nis,nigde nemozam da izlezam u pm.Korona imav podobro projdov zimi sve

Sent from my SM-A325F using Tapatalk
 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.850
Поени од реакции
6.467
Мајне либе, викендашки попладневно на lautsprecher ми вези едно битолскo чупе.

Либе, мое либе веќе не боли...има деној не знам кај да се оди
КАРОЛИНА ГОЧЕВА | За Кого

За кого?
За кого ти цути в зима лицето?
Ај не, не за мене

За кого?
За кого ти гледа светло окото?
Ај не, не за мене

За мене, само тага остана
како твоја сенка
до мене да вечера

Либе, мое либе веќе не боли
има деној не знам кај да се оди
Ај либе мое либе веќе не боли
само рана на срцево ти ми остави.
Ај либе мое либе веќе не боли
има деној не знам кај да се оди

Кој ли те, кој ли те зеде
кој те украде
нежен мој гулабе?
Кој ли те, од моиве раце,
кој те откина?
Младоста ми замина

Кој ли е толку многу без душа?
Како сирак сама
липам никој не слуша

Либе мое либе веќе не боли
има деној не знам кај да се оди
Ај либе мое либе веќе не боли
само рана на срцево ти ми остави.
Ај либе мое либе, веќе не боли
има деној не знам кај да се оди

Времето тоа пусто време
никој не гледа
времето не запира
времето, тоа пусто време
не ме лекува
ветер ќе ме оддува
времето само траги остава
на мојто лице тебе те наслика

Либе, мое либе веќе не боли
има деној не знам кај да се оди
Ај либе мое либе веќе не боли
само рана на срцево ти ми остави.

Ај либе мое либе веќе не боли
има деној не знам кај да се оди
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.904
Поени од реакции
6.200
Не можам да ги разберам денешниве деца, тинејџери. Па тоа толку се немотивирани за ништо. Никаква експресија, ниту на убаво се смее, ниту на мртво плаче. Турни ме да кинисам став.
Екстремно мозочно напрегање даваат да смислат една просто - проширена реченица и тоа не им успева.
Смор од деца.

Не бевме ние овакви кајги на времето...
 
Член од
15 јуни 2020
Мислења
251
Поени од реакции
922
Неверојатен процент на неинформирано и просто население во државава. Како бе земале брзи кредити и не очекувале дека ќе ги заебат? Која е бе таа златна утопија кај шо можат да се земат пари само со лична карта и да има ниски камати? Кога почнаа да никнуваат пред некои 3-4 години, мислев дека се така за украс со многу ретко луѓе што одат таму, претежно за некоја итна операција, па да не се чека на одобрување од банка...Ова читам овие денови, земале за одмори, земале за ајфони, земале за со швалери да одат во Грција, па после квичат кога на 60.000 ќе вратат 90.000. Уште од самиот почеток знаев дека ова е цуцуле на некое министерче, парите валкани да ги протнат со овие продавничиња, ама имав и претпоставка дека за да си ги земаат парите од кај некои што немаат скршен денар, ќе ги праќаат оние битангите шо се билдаат во теретани. Па и овие путкиве продадени, Жаре тендер на еден, Киро рекетметаро, Лила Дубаи Филиповвска, кои одвратни особи еј, едно време и Иџе шо вози трки, требаше да си глеа курот со тоа спонзорите и хјундаито, а не вака да ми ја ебава цела слика за него... Непријатно, шо рече еден член погоре.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.926
Поени од реакции
17.922
Драга,

Само нес остана последното кафе во кое ставам шекер.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.379
Поени од реакции
30.811
Животот е убав по некад....., продадов еден катализатор и ќарив 100 евра, вечер сум на фудбал а утре ќе спијам до 12 и пак ќе играм фудбал.
Секако ќе мора да се штеди....да ушпарам уште некои 15к и здравје декември се селам на екваторот да се бањкам со делфини, ако све е по план. Проекциите за живот на плажа се реализираат брзо.....убаво рекле старите, пази што зборуваш па и да не си толку сериозен, може ќе се реализира нешто :LOL:
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.520
Поени од реакции
18.368
Не сум бил никогаш посебен љубител на животни, посебно не на мачки - повеќе сум сакал кучиња, и секогаш сум ги сметал мачките за нешто што носи несреќа, поврзано со сите тие суеверија дека ако ти пресече пат - лошо ќе ти се деси, и така. Не дека не сум можел да погалам мачка и да ја подржам во раце, но никогаш не било тоа тоа, од љубов преголема кон нив. Нешто од тоа почна да се менува пред година, година ипол, имам другар со 5 мачки во двор, и летото дружејќи се и висејќи кај него, сакаш нејќеш ќе галиш мачки цела вечер и да кажам, ќе ги засакаш. Дури и размислував да вдомам, но брзо се откажав, познавајќи се колку уствари сум мрзлив.

Е сега, еден млад господин, неодамна, успеа така убаво да ми се вовлече под кожа, и ми ги смени сите предрасуди, што јас сериозно размислувам да си го вдомам- пак истата идеја и покрај се, иако свесен сум дека тоа е скоро невозможно, бидејќи е уличен мачор. И размислувам дали и како да го направам тоа. Дечкото ме гледа прв пат во животот, влегува во зградата кај што живеам - чека да му отворам врата, влегува, што ми е мене најчудно и никогаш не сум чул ни видел- влегува со мене во лифт, одиме заедно до горе, он позади мене чека да види каде ќе отклучам, и чека да го поканам со поглед во стан. Ај си викам, што ќе направи, му викам влези убавецу, и си влезе у стан. Мислам дека ме молеше да си играм со него и да го галам, со скршено срце морав после тоа да го изнесам надвор.

И сега е така секое враќање дома, од работа, од град. Чека, и доаѓа кај мене. Што да му правам, почнав да го сакам повеќе од човек, мајке ми.

20220131_130440.jpg

20220131_130537.jpg

20220131_130602.jpg

Види го, гомно паметно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom