Драгицо,
у Среда бев на интервју за работа, поминав одлично, за првпат на интервју не се трудев да импресионирам, си реков што мислев искрено и тоа е тоа. Кога ме прашаа какви ти се плановите за следните 5 години им реков дека тој план почна лани кога се решив дека на моменталнава работа е доста и треба да барам подобро и поамбициозно со тоа што ако не се снајдам и не ми одговара работната позиција кај нив, најверојатно ќе си бегам за странство.
Ниту сакам, ниту прв план ми е да бегам за странство, сакам тука да се снајдам и да работам покултурна работа затоа што после пет години работење на бензинска, стварно ми е преку глава и од луѓе и од се, посебно здравствено се осеќам како пропаѓам, станувам лепрозен.
Од друга страна, овие пет години со секакви луѓе, стекнав искуство како да сум бил во војска, научен да трпам ударци, да се бранам и секогаш да бидам резервиран, ќе ми бидне чудно во канцеларија со пријатна и културна атмосфера, цивилизација, не знам како ќе се снајдам, се осеќам како Тарзан у џунгли али идемо напред пуном снагом.
<3