Драга,
Ти ги разлистав последниве 15 страници од темава.
Куп членови си имаат свој белег во постовите, можеш да ги познаеш и да не знаеш кои им се никовите, тоа е она што ми се допаѓа уствари овде, виртуелни ликови кои со текот на годините донекаде си ги познаваш. И нормално ги има оние безличните ко да читаш факинг буквар, ко текст препишан од википедија се, со точни дефиниции без мрдање од место. Такво е чувството кога ги читаш, што мене ме задремува.
Првиве 20 дена од годинава ко последните 20 од претходната.
Скроз сум исклучена и незаинтересирана. Се надевам дека е минлив период, или не знам што треба да правам за да се вратам на рутината. Дотолку си ги одложувам работите, што сношти го гледав Mean girls по којзнае кој пат. Иако лесен филм, би рекла доста реален за женскиот пол.
Уствари, таквото понашање меѓу девојките и жените не завршува во средно школо, трае цел ебан живот. Ваљда тоа е причината зашто цел живот сум се разбирала и ми биле поинтересни машки за муабет, почнувајќи од фамилијарни членови, другари, пријатели, колеги, итн, далеку попрактични и полесни за комуникација. Со женски, никогаш не си сигурен што смееш да кажуваш, зашто тоа ќе биде преувеличено и/или погрешно сфатено. Па љубомора, манипулација, оговарања, некои чудни динамики, хистерија, муабет за небитни теми. Затоа и уште не ми се јасни лезбејките да бидам искрена.
Нејќам некогаш муабетов да ми се врати ко бумеранг и да мора да работам во опкружување само со жени, сигурно има полоши работи, но сега не ми текнуваат.