Форумов е станат чуден веќе подолго време. Настрана тоа што е паднат бројот на квалитетни мислења/дискусии и тоа што некој препознатливи ликови кои го изградиле форумов да е ова што е денес веќе не се активни, а нивни замени нема, туку некако веќе не се знае кој пие а кој плаќа тука. Секој со секого се препукува за скроз небитни работи, не се ни троши енергија да се зборува нешто поврзано со отворената тема, туку секоја ситуација се користи за лични прекупувања. Не зборувам да кажеш еднаш некоја постапка погрешна што смета, туку оф-топик мислења во континуитет. И толку се мнозинсто овие луѓе што веќе не ни доаѓаат до израз квалитетните мислења на темата, а порано балансот беше обратен и лесно некако можеше да се игнорира и регулира целото тоа однесување. Памтам еднаш пред многу години имав пишано мислење на онаа темата за паранормални случки, мислење што е 100% вистина од а до ш, тие што ме знаат лично знаат дека до толку сум искрен и кога треба и кога не треба да сум, што ако треба за сикрет санта да правам изненадуање, а личноста што треба да сум и санта ме праша “кој ти се падна“, јас ќе речам "ти", од што не можам да лажам. Ако ме праша просјак за пари и не сакам да дадам од Х причини, ќе кажам “не може“, а не “немам“, бидејќи немам мирна совест ако нешто излажам, чист сакам да сум пред себе. Арно ама тогаш, еден почитуван член тука ми се нафрли дека лажам и измислувам, лом ме направи, фати сеир кој следеше темата и после нит вратив на таа тема да се објаснувам дека не е лага, ниту продолжив дискусија. Едноставно најбитно ми беше да се задржи правецот и квалитетот на мислењата во отворените теми, побитно од тоа да се докажуваш дали е вистина или не. Денес такво нешто на форумот нема, некако добивам чувство дека форумот не се доживува веќе како јас тогаш што сум го доживувал, ниту некој му значи квалитетот на мислењата оставен во темите да остане на ниво, за ако некој дојде после 1 година да чита, да може да чита работи поврзани со темата, а не лични прекупувања и дијалози кои не водат никаде. Новото нормално е малку различно од тоа што беше нормално пред некој 7-8 години.