Зобам костени тукушто извадени од рерна, пијам чај од хибискус, замотана во шалот што ми е за по дома, застаната на прозор, надвор си врне, а паметот... нема одредено место, така си хибернира.
Многу новости и потешкотии дојдоа одеднаш: нова канцеларија, нов стан, следното ново е на пролет ама уште сега му се осеќа еуфоријата. Сѐ од ова се работи полезни за мене, ама сепак толку многу труд за адаптирање на толку места ме истошти. Повеќе набљудувам, помалку зборувам.
Само гласот и прегратката од саканиот ми е потребна периодов.
Глас, тон, колку менува кај човек. Сѐ што ќе каже има поинаква тежина, емоција.