Драга Кајгана (виртуелен дневник)

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.412
Поени од реакции
13.436
Мачко пиши ми мене, ја сум се што е обратно од Ска. Единствено заедничко ни е што сме хетеро. Ска, ако си и прав пријател ќе ми пуштиш нејзин инста у порака. Поз.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.787
Поени од реакции
17.309
Драга,

Почна зимава, а со него и кочан ладно време, што би рекле старите мудата ти се вовлекуваат внатре од ладното. За нас велосипедистите е ова добро време да спремаме база за наредна сезона, ама и лошо бидејќи не можеме да возиме надвор. Од лани имам тренажер, ама ми треба апликација за да ми биде позабавно возење внатре. Звифт која е најпопуларна е поскапена (со тие пари да си купат погребна опрема), па само влегов на сајт на една да видам цени што-како. Еве сега реклами уште од фрижидер не ми излегуваат за апликацијата, значи буквално на сите социјални мрежи и Јутјуб ми излегува...
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.750
Поени од реакции
39.635


Ретка слика од @Ska Maniac и момците од кајгана како си го јачаме егото бидејќи сме пропалици, инцели, емотивно повредени, нереализирани дечковци, мажи и родители.
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.465
Поени од реакции
6.794
Минута молк за сите шо ја гледавме Пол VS Тајсон. Повеќе акција имаше Сарма коа му упука шамар на Саше Политико.
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.520
Поени од реакции
3.658
ДК,

Најинтересни ми се муабетиве која кола да ја земеш, кој бренд вредел кој бил преценет а кој не, а уствари одговорот за која е најдобра е едноставен - службена кола, било каков бренд, само да ти биде дозволено да ја користиш и за приватни цели.
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.280
Поени од реакции
6.184
Незнам дали кога ќе старта Wolt за некое време ќе се подобри сервисот на достава на храна. Невозможно е во град ко Скопје да чекаш саат и 40 минути за храна. Дали е до лоша организација, лоши вработени, или самите ресторани се непрофесионални…
 
Член од
2 април 2022
Мислења
52
Поени од реакции
235
Денес има поминато 19 години од лако раскинавме, утре ќе бидат 19 години и еден ден од како ти реков со било кој само немој со него.
Ти како за инат баш со него се фати, за некое време ќе бидат 15 години како си самохрана мајка на дете од растурено семејство. За некој ден ќе бидат 15 години како скокаш од кур на кур.
Само така продолжи.
 
Член од
22 август 2022
Мислења
538
Поени од реакции
1.780
Зобам костени тукушто извадени од рерна, пијам чај од хибискус, замотана во шалот што ми е за по дома, застаната на прозор, надвор си врне, а паметот... нема одредено место, така си хибернира.

Многу новости и потешкотии дојдоа одеднаш: нова канцеларија, нов стан, следното ново е на пролет ама уште сега му се осеќа еуфоријата. Сѐ од ова се работи полезни за мене, ама сепак толку многу труд за адаптирање на толку места ме истошти. Повеќе набљудувам, помалку зборувам.

Само гласот и прегратката од саканиот ми е потребна периодов.

Глас, тон, колку менува кај човек. Сѐ што ќе каже има поинаква тежина, емоција.

 
Член од
16 ноември 2024
Мислења
8
Поени од реакции
7
Се туширам,се облакам, дур стигнувам у теретана сум веќе жива вода.Се пресоблакам, вежбам, жива вода станувам.Се туширам тргам накај дома и дур стасам сум пак жива вода..
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.153
Поени од реакции
5.992
Драга,

Не верував дека некогаш ќе ја слушнам песнава во живо, се додека не ја почнаа турнејата и ја свиреа за прв пат откако е снимена во 1986. Кога слушнав за тоа, едноставно знаев дека морам да бидам на овој концерт. И ете синоќа се случи тоа. Почна интрото и оволкаво магаре од 35 години почна да плаче како мало дете.



Никогаш претходно не сум се чувствувал толку гордо што сум Македонец како синоќа кога ја свиреа Alexander the Great, а јас стоев таму како единствен Македонец меѓу 19 илјади души.

Е на ова пушта солза дијаспората, не на она говно од Слаткар и Некст Тајм.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom