Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
23 август 2010
Мислења
39.854
Поени од реакции
116.054
На погрешна боја на сако мислев бе, отидов распар како идиот некој. :D

Него, денес околу 4 и пол/5 изгледа поминуваше некое гомно од политичар, апсолутно цел град беше закочен, 2 саати си одев накај дома. Од ден во ден се повеќе и повеќе презирам политичари и се што е поврзано со политика, кај не тормозат и не крадат на секое поле уште па и на овој начин не гњават. Не е реално колку е сменето Скопјево и колку се е отидено у курац у однос на пред десетина години. Јас не знам што ќе правиме откако ќе никнат зградине карши Холидеј Ин, најдобро ќе биде да се иселиме од земјава и да се спасиме со време.

Ајт идам да го испијам последното кафе за денес со надеж дека сабајле ќе си ги погодам алиштата за работа. :ROFLMAO:
 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.846
Поени од реакции
6.460
Им љубоморам на птиците високо во дрвјата, тие ги живеат своите животи толку.. суштински. Им љубоморам и на пајаците, вервериците и семињата, пошто секое од нив го наоѓа својот пат автоматски.

Јас. Во себе носам чувство на нелагодност, сакам да припаѓам ко птиците во дрвјата. Седам со себе и гледам над градот, облакодерите блескаат, како никогаш да нема да паднат. Сини птици го бојат небото. Не можам да го игнорирам бршленот, кој расте се повисоко. Овај стил на живот не ми одговара, повеќе.
Автоматски споено мислење:

The Prima-dona life, the rise and fall.

 
Последно уредено:
Член од
17 ноември 2014
Мислења
5.439
Поени од реакции
8.156
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.767
Поени од реакции
8.117
Што ќејф ќе имаа стари луѓе на штампање чудо едно. Абе принтер и топ хартија обавезно мора да има ако е 65+. Тоа се штампаат слики од прослави, рецепти за храна, мејлови. На цела гужва главата незнам кај ми е: ај те молам тонер земи да ми смениш. Ќе ти сменам кога цел гугл го иштампа и архивираше у зелена папка.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.961
Поени од реакции
25.520
Си купив оквири за заштита од екрани и си ги носам на работа, влезена у филм дека изгледам како некоја мутава, nerdy библиотекарка шо уствари е многу фрики у кревет и си го фурам филмов се додека еден повозрасен човек не ми се обрати со „госпоѓо“.
Така ти е кога во доцни 30ти ти сеуште си влезен во некој амерички тинејџерски филм.
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.172
Поени од реакции
1.056
,,,, Животот е убав ,животот е се над се над сите убавини,ако имаш здравје,цел свет е твој , па ако си убав згоден и паметен,Бог ти дал се. Само околината околу тебе да си ја менуваш ,оти таа е како расолница ако не ја размешаш ќе смрди.
Туку некој нека му каже оти ,,Птиците умираат пеејки.

Тие па едни чудни Скопјани ,лалеее , што сега не ви се свиѓа? Пред 15 кога студиравме сите не можевте од нас глава да дигнете ,секаде ви сметавме у маркет, сообраќајот,диско,бар, институции, универзитет, свадби ,секаде
Е сега ,и згради ви пречат и политичари ,ајд на село ,а бе ајде на село остајте културата и културните нека си живеат во градот.
Секаде има такви градски.
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.767
Поени од реакции
8.117
Сиромав човек, жив ѓаол. Не е за џабе тоа. Абе го гледаш дека се дави, фрли му цигла една да се удави.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.424
Поени од реакции
39.017
Во последно време нонстоп ми излегуваат вакви постови. Се откупуваат групи со многу членови, им се менува наслов и се фура оваа воук гнасна кампања. Топ коментарите се претежно од празни али верифицирани профили кои се гледа од авион дека се направени само со една цел.

Ги има и за мажи и за жени, масовно се работи да се создаде одбивност кај луѓето од спротивен пол, и да се растури бракот како институција.

Screenshot_20241121_122137_Facebook.jpg
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.206
Поени од реакции
9.758
Немав испиено литро-ипол црно вино одамна, сум заборавил каква е таа екстаза, очи ќе ми излетаат од притисок хахахх ма да знам дека ќе цифкам утре по сабајле на работа, многу арно не е на арно....и една друга работа, животот е убав, у пи*ку матер.
 
Член од
15 јануари 2020
Мислења
716
Поени од реакции
2.303
Ди Кеј,

Мразам двојни стандарди.


Ми се гади од ликови кои просеруваат со анти пропаганда и цитрони ни ги прават по темите за Израел и како тоа се хумани и се солидализираат со жртвите тамошни и како тоа е геноцид.
Истовремено свршуваат на руските ракети со висок дострел кои за среќа беа без боеви глави па дркаат свршуваат и се прашуваат што би било кад би било и кога би имале боеви глави.

Не се замарам премногу со муџите нит знам што прават во животот нит знам што образование имаат.

Меѓутоа длабоко сум потресен кога 3ца експерти од мојот тим од Украина кои живеат и се обидуваат да работат од Киев со кој соработувам ќе пишат во службениот канал дека не се во можност во потполност да учествуваат во службените канали и состаноци поради тоа што мораат да се засолнат во засолништа или да го напуштат Киев од истите причини поради кои горенаведените накази го плукаат и наводно се грозат од геноцидот на Израел.

Секој украински член на тимот мора во секое време да има активен статус дека има пристап до струја и интернет за да можеме да сораоботуваме на дневна основа, но сето тоа од некои амеби на форумов се следи со просеравање и свршување додека истовремено се ронат солзи и се сочуствува и солидаризира со Палестинскиот народ и нивните страдања.


Хк пу со еден голем шлајм со сочен мрсул за тие ликови.

Сами ќе се препознаат.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom