Византиецот
Codename Duchess
- Член од
- 14 март 2021
- Мислења
- 2.818
- Поени од реакции
- 6.404
Кеј јеботе,
пред некоја недела во Октомври, далечна 2007ма излегол албумот Блекаут на д леџендари мис Бритни Спирис. А немаше ни Гугл Дудле, ни потсетник ил плејлиста на Спотифај, ништо.
Ајде барем некој да го испоштува. А кој ако не јас? човекот што ако беше албум - ќе беше неговата делукс верзија, ако беше кола, ќе беше Ауди, ако беше шампањ ќе беше Дом Перигњон и така натаму..
Значи јас. Ајмо.
На 25ти Октомври, 2007ма, во Европа, и неколку дена подоцна на 29ти Октомври во САД, издаден е албумот Блекаут - Прокрварен. Истиот доби платинум сертификат истата година во Ирска, Полска, Русија и САД.
Турбулентна година за една американка. Додека нејзиниот бивши опсесивно вадеше Албуми инспирирани од неа, јавноста ја презираше, за нејзиното неверство кое кладе крај на нивната врска неколку години претходно. Џастин испеа неколку доста клети песни ко Исплачи ми река, или Сè! се врти, сè се враќа, сè се плаќа - во кој што спот русокосата (глумена од Скарлет Јохнасон) беше убиена во сообраќајка. Заедно со него, се чини и многу други и посакаја зло. Него нема да му замериме, бил повреден или како и да е. Да поскаш смрт некому е сепак тешка крајност.
Бритни е инаку далечна братучеда на Монро, по таткова страна од Мерилин, кој оваа никогаш не го запознала. Спирс за разлика од неа, имаше проблеми со својот контрол-фрик од татко, кој сеуште ја третираше ко да е 11сет годишно девојче, што уште не добило менструација. Иако имаше 27 години, повеќе цепеше накај 30ет отколку накај 11сет. Скрутина од јавноста, скрутина од пола свет и од тој на кој мислеше дека ќе му роди деца. Она најболно, скрутина од сопствената фамилија - Спирс се навлече на дроги. Пошто токму тоа го прави човек, кога и сам посакува да заврши неговото на овај свет. Пороци.
Албумот е повеќе мрачен (според Ријана европски - електронски), а не попси и забавен, погоден за тамошниот пазар.
Единствениот Албум на кој ја гледаме со (гавран) црна коса од цела нејзина дискографија. Коса која подоцна... (криза на идентитет).
Блекаут - како човек кој штотуку бил стрелан, па неговата бела рака се струполила на подот, а низ кошулата полека се впила крвава флека. Ептен фит име носи албумот. А таа носи розев фустан со перја и шешир, во доста кабаре поза? Со тоа сака да потсети на времињата кога татко и, лично и градел мала бина дома на која таа танцувала и забавувала на свои 5 години. Пораката е една, таа сеуште смета дека е родена за ова. Дури и низ толкава тежина, таа не се сомнева - родена е само за ова.
Сликите се на холандската фотографка Елен фон Анвортх.
Блекаут е нејзиниот најдобар Албум. Она што за Депеш Моуд е Виолатор, тоа е за Бритни Спирс Блекаут.
Слушаше светот од Њујорк, преку Берлин и Москва до Токио.
Слушаше и еден, тогаш мал Македонец, таму негде во 2007ма, во себе се молеше таа да преживее.
Изненаден бев ко го слушнав Шанац - Тони Михајловски, кај што ги тумачи настаниве. Тој беше на нејзина страна, ова бетер ме изненади. За Џастин рече дека пеел ко некој да го стиснал за тестиси.
Мене спотов ме чинеше тажен тогаш. Сега го рскам со волјум 100ка по Швајцарииве.
Животот е кучка. Не е за тажење.
They want more..? well I give them more.
17ет години БЛЕКАУТ.

Последно уредено: