Конечно, се обезбедив доволно за да фатам стан у друга населба. И така од Јануар изгледа и платичето ќе е у плус, а тука стално доаѓав да шетам да пијам кафе, да се дружам така што позната ми е околината. Сон ми беше, а не дека е нешто вау скапа кирија, ама ете, ептен знам да сум стипса понекогаш. Многу пати имам паднато а околу немало некој да пружи рака и знам да забегам со клетници психологија. Зградава ми се свиѓа, комшиите највише ме потсеќаат на градски ѕид 90ти и рани 2000. И да не те знае, добар ден добро вечер. Сега видов една женичка од надвор како доаѓа намерно го задржав малку лифтот, кој фин муабет ми го направи домаќински ко којзнае што да сум направила. Ептен безбедно, значи синоќа се враќам од град, само луѓе што шетаа Кучиња имаше. Комшика ми кажува летно време да видиш ти во паркчево, од што е многу топло децата не им спијат, среде ноќ мајки со колички пред зграда децата на воздух. Дали дека излегов буквално од зона сумрака комшилук па си преувеличувам не знам ама многу сум поспокојна. Отсега само маала со мнозинство фамилијарни и локални домаќинства.