Кеј,
моето признание за денес е, дека ја сум бетер од тетките (кој се и да спаѓа во овие, ова како мит стана веќе), исто и бетер од дарлинг (О, да.) ко че е во прашање мојата Македонска гордост. Толку сум вљубен во супериорноста на нашата култура, нашата сакрална доцно-византиска црковна архитектура, фактот што сме Православни. Буквално се. Незнам чија енергија, на чиј некогашен член на династиите Палеолог или Комнините, кој виреел во или околу Прилеп, не ме остава на мира, ама јас дури и во (далечна?) туѓина ја ценам нашата култура и утврдувам ко повредна, од било која друга. Без навреда за другите. Ко мозаик на Марија во пурпурна свила. Ко иконостас од орев, плетка везба на гроздови, во дрвото.
Јас не сум граѓанин на светот ко некој таму светло просветлен, антички. Јас сум само Македонец, каде и да сум. Во најгруба рака, сум балканец, но сепак само Македонец. И ова не е на лицитицаија. Од првиот, до последниот здив за овај еден живот. За некој нареден незнам и не ми е битно. За овај толку е.
Уште размислувам да печатам бел двоглав орел со златен крст в'канџа, на некоја блуза, па да му се шетам насекаде овде со него. Само немам време за ова. Мој симбол е птицата небеска. Јас не се плашам од него. Посебно не од крадци, кој денес со него не смеат да се идентификуваат ни под разно. Ама среќа нивна се нискоинтелигентни па незнаат кој го измислил и што тоа симболизира. Сум го видел на плетки везби во дрво од орев по цркви од Охридот наш вековен просветителен писмен Македонски.