Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.621
Поени од реакции
6.057
Христос<3 воскресна!

Кеј,
периодов сум толку активен, со колеги зедовме да возиме точаци нагоре по Рајна. За први Мај бевме со колегите на турава, на секои 30ет минути застанувавме да јадеме и пиеме во друг локал. Патот не однесе до едно езеро, каде секој ден и онака врија младина (сум слушал), а не па за 1ви. Таква гужва одамна не сум видел, ми падна тешко, ехм, загушливо. Девојки со нивните ултра слаби бели нозе те тераат да се размислиш со што се ранат за на 30ет да имаат тела ко тинејџерки. Се разбира таму беа и мажите кој цела година се потеле на справи за токму на овај ден гламурозно да ја покажат својата физика. Се на се, голема концентрација Викиншка лепота тој ден. Една колешка беше да се види со друга таму. Типично за госпоѓица Хохмут! ми вели, е да оди на ова место - каде одиш само за да гледаш и да те видат. Ептен не е мој стил ми вели, но ја сакам бескрајно, па ајде. Се приближуваме или подобро кажано бавно се туркаме низ масите, таму седеше нашата колегиница со своите Камераден. Се сврти и штом ме позна ме прегрна срцкасто, конечно да дојдеш и ти овде, ми вели. Сопругот од другава и вели, не ние сме само на минувајне, планираме да возиме до Германска граница, 40км. Секако немате место, заклучи. Се познаја со еден од старата дружина, по што мажов му враќа, Ханс! можиш да седниш кај мене в'скут. На што и двајцата се згазија од смеа. Јооо, ја протресив главата, типични Викинзи си велам. Јас ко јас, немора да напрам ништо, доволно е да дишам и по дифолт сум сметан за кул и од мене се очекува да одам на места каде одат кул луѓето - *ја тресам главата окезен*, дур го пишувам ова. Како и да е, се свтрив настрана од галамата за миг, да ги посматрам сребрените езерски одблесоци надалеку - ко секош. Дар од Бога, си велам. Турата продолжи и не носеше низ полиња обраснати со лиљакови ружи кој беа решиле воздухот да го оплеменат така јако со својот парфем, како да некој ја беше довел во прашање, нивната титула - кралица на цвеќињата.
Си дојдов полумтров и еве 5 дена не можам да се доведам во форма за вечерно парти, па затоа ви пишувам викендов. Мва.

Глеам џупчето ме спомнувало овде, дека сум ја слушал Јеца. Кое ситно грефче човече. As a matter of fact, не сме само ја и Боки. Pass auf meine Junge - Викинзиве ЈА ОБОЖУВААТ(да трепти). Не, немора да прашате who introduced her, to THEM. Јаааа, се кликоти. Свуда по граду напишем ВОЛИМ ТЕ. Ама, таа не е за луѓе кои мржњата која ја осеќаат, кон себе, ја рефлектираат кон другите. За нас другите е.
Чао вма.

Автоматски споено мислење:

^ Песната и е напишана за првио сопруг Кариќ, сопственикот на српски телеком то време. Кој се разведи од неа, заради неговата мама. ХАХАХА

 
Последно уредено:

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.381
Поени од реакции
22.906
Драга,

сите што идат и се ебаваат со шошони и шошонки нека не честитаат велигден и нека не ставаат сториња.
И вака и така ги чека џенем.
 

Johnny B

Психопат
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.207
Поени од реакции
10.204
На овој Византиецот ако му стегнам еден аперкат, има да се врати во 1453та, да го гледа падот на Константинопол во живо
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.785
Поени од реакции
9.707
Неколкуте етапи на зависноста:

-Почетна употреба
-Злоупотреба
-Толеранција
-Зависност
-Релапс

Или по нашки објаснето

-Уживател на опојни дроги
-Зависник
-Наркоман
-Костич
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.000
Поени од реакции
84.537
Христос воскресе!

Ок, сега за тоа што дојдов да пишам.

Повеќето од вас следат фудбал.
Но ретко кој од вас следи женски фудбал. Поконкретно, ќе зборувам за англиската женска премиер лига.

Оваа сезона, женската фудбалска лига во Англија има две главни екипи - Манчестер Сити и Челзи.
Поради густ распоред во куповите и во европските натпреварувања, Челзи имаат неколку натпревари помалку од Сити и заостануваат и по број на поени, а и по број на одиграни натпревари.

Пред неколку денови, на први мај, Челзи играше еден од заостантите натпревари токму против Ливерпул.
Според резултати точка ком, квотата за победа на Ливерпул била 12 и нешто.

На полувреме Челзи водеше 0-1.
Конечен резултат: 4-3 за Ливерпул со погодок во 92 минута, за "коцкарски" "два у кец и седум плус"
Ова значеше дека Манчестер Сити најверојатно ќе ја освои титулата.

Денеска, Манчестер Сити играа дома со Арсенал, во натпревар во кој со победа за момент ќе се оддалечеа за дури 9 поени пред Челзи, и ќе беа речиси сигурни шампионки.

Сити започнаа сигурно, со погодок во 17 минута.
Конечен резултат: 1-2 за Арсенал со погодоци во 89 и 92 минута за "кец у два" утакмица.


Ова значеше следно:
Ако и Челзи и Манчестер Сити ги добијат сите натпревари до крај (три натпревари за Челзи, еден за Сити), тогаш овие две екипи ќе имаат ист број на поени.

Што се случува во тој момент? Шампион станува екипата со подобра гол разлика.

По завршувањето на мечот на Сити, ситуацијата беше следнава:
Гол разлика на Манчестер Сити: +45
Гол разлика на Челзи: +38

Челзи штотуку го заврши нивниот натпревар.
Победија 8-0 т.е. што би рекле коцкарите "7+" (јбг, нема 8+)
Со ова, Челзи сега има подобра гол разлика од Манчестер Сити во моментов.

Него, што ми беше поентата на постов...

На 25 април почина Велибор Џаровски-Џаро, а немав шанса да пишам пост за него.
Нека почива во мир.
Ќерка му напиша и книга за него минатата година, па можете да ја најдете по книжарнициве.
Можеби контроверзен, можеби има хејтери, но за мене е тотално е легендарен лик, кој дефинитивно нема да се повтори. и заслужува еден пост и голема почит од мене.
Се надевам дека гледа енглеска фудбалска женска лига од некаде.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.110
Поени од реакции
9.941


Што ти е шпиунажа. Пред некој ден тука пишувам за Аргентина како не ваља и денес ми излегува сцена од аргентински филм што вика: “Недостигот, носталгијата и сето тоа е само стих. Не може да ти недостига државата, у најдобар случај ти недостига маалото. Ама маалото ќе ти недостига и да се преселиш неколку блока подалеку. Оној што се осеќа ко патриот, оној што си мисли дека припаѓа на една држава е ментално ретардиран. Поимот татковина е само измислица. Што имам јас заедничко со некој од Тукуман или Салта?! Тие ми се подеднакво далечни колку и некој Каталонец или Португалец. Човек се осеќа дел од мала група луѓе. Твојата ‘држава’ се твоите пријатели - тие ќе ти недостигаат. Ама и тоа поминува. Она што ќе ти го кажам е кога имаш шанса да одиш во Аргентина не ја пропуштај. Аргентина ти е држава кај што ниту се може ниту треба да се живее. Те прави да се осеќаш срање. Ако ја сфатиш сериозно, ако мислиш дека можеш да промениш нешто во неа, ќе направи да се осетиш ко срање. Аргентина е нешто друго, не е држава, туку стапица. Ко она со морковот и магарето. Она што го рече дека може да се промени - е токму тука е стапицата што прават да мислиш дека може да се промени.”
 

Kajgana Shop

На врв Bottom