Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.777
Поени од реакции
2.919
Драга,
штотуку дознав дека мажот ми кој е во странство, и требаше и нас да не влече за некој месец, си пиел кафе со женската негова пријателка. Не знам како да го прифатам ова. Имам помешани емоции. Ми смрди сето ова. Но здрави живи да сме, што е тоа е.
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.293
Поени од реакции
7.019
К.

Први мај, се знае бе..Одиш уште вечерта место да фатиш, строго трактор IMT 539 со приколица или некое Тамче камион без церада превозно средство за првите борци натоварени со столови, маси... салата шопска, ракија строго домаќа производња, вино исто домашно, пиво срча шо унапред се плаќа +10 денари, па ако ги вратиш шишињата (а на сите му е јасно дека нема) ти ги враќаат и парите, истите шишиња сокршени околу 3:30-4 кога веќе си целосно ОЛЕШЕН од алкохол, отворена кола со 4-те врати и багажникот плус за да ЕЧИ појако некој Душко Кулиш mix, висење 10 луѓе над скара(ако не си отидеш дома да не СМРДИШ на дим, па едно 2 дена алиштата да ти се луфтираат на тераса исто ко да не си бил) и цело време контрање ГОТОВИ СЕ ЌЕБАПИТЕ БЕ, НЕ БЕ МОЖАТ УШТЕ МАЛЦЕ, во меѓувреме пољаната/ливадата/ширината околу е фул луѓе и претставува поле за (не толку културен) натпревар помеѓу народите, во превод едно 10+ ќотеци секако паѓаа за први мај..
Новиве генерации идат во куќа околу 11-12 или во ресторан, пијат смути сабајле, јадат похована даска, за пиење строго џин, водка (ама Гордонс, СмирноФФ, никако low class), музика нешто нов "рап" (Десингерица, војаж, нучи), може некоја црта бугарски амфетамин и цел ден на скролање на инста..

Тежок треш
 
Последно уредено:
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.378
Поени од реакции
6.530
Какво време дојде неможеш раат кафе да испиеш на бауштела со чистачката од фирма. Одма вештерката дома ќе ти извади приказна дека ебеш на страна. А па и да ебеш, јака муда.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.485
Како се научиле сега ова жениве 'бизнисменки' и на сите им е шема, кога им пишувам да прашам за информација на фб, не ми враќаат исто со порака, него со гласовна порака. Пред едно време ми требаше сликар и и пишав на една, добра била и ми испрати гласовна порака 'Хоуп, од нас добиваш професионални фотографии, сто вакви, сто такви, гратис ова она, бла бла, ако сакате да букирате пишете место и време'.
Вчера ми требаше женски психолог, за во една организација каде што сум член и исто и пишав на една и исто така со гласовна порака, истиот пристап и објаснување, само со таа тематика нели. Вистина шема е, никогаш не би ми текнало пример да треба нешто долго да пишувам, да си раскажам и да пратам гласовна, наместо реферати. Маки. Еве пример место овие глупостиве што се изнамачив да ги пишам, можев фино лепо да ги раскажам и да си ги постнам тука. :toe:
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.378
Поени од реакции
6.530
Голема неправда е како Тим Бартон не дознал за Роберт Саздов.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.163
Поени од реакции
10.128
Аргентина ти е шупакот на светот. Која ароганција владее кај луѓето таму, чест на исклучоци. Имаше една дешавка лани кај што правев муабет со некои Аргентинци, а до мене една другарка Аргентинка нешто друго си чепкаше и ко слушна дека луѓево и се земјаци, се сврте им се претстави, ги праша од кај се и овие ни 2 ни 3 и одговараа од La Ciudad. Демек само Буенос Аирес е град у таа вукојебина, а другиве места селца. Другаркава иначе од друг град, Кордоба, од внатрешноста на Аргентина. Мене неубаво ми падна што другаркава доби таков одговор и срам ме фати.
Ај да речеш Буенос Аирес една престолнина ко европскиве, а другиве неандерталци па да ги оправдаш некако луѓево, али со ништо посебно не се издвојува. Типичен латиноамерски град - улициве прљави, ѓубре насекаде, многу питачи и сиромаштија, осеќаш одма нелагодност ко ќе излезеш на улица дека ќе те опељуши некој.
Земавме такси со другарка до Бока да отидеме, делов кај што им е стадионот на Бока Јуниорс и им е еден од најпосетените ствари во градот и низ ебана фавела помина таксито. Еј близу центарот на градот, а фавела имаа ко во Рио. Уште со мачети да излезеа Индијанци од тоа фавелите и да не исецкаат ко туна.

После правам муабет со други Латино Американци (Бразил, Колумбија, Перу…) за ароганцијава на Аргентинциве и ми викаат такви се тие, ни у Латино Америка никој не ги мириса пошто летаат у облаци дека голем дел од нив имаат европско потекло и автоматски ради тоа се подобри од останативе у Латино Америка. Сањаат дека ќе бидат економски лидери, а се голтари ко нас и пропаѓаат од ден на ден. У делови на Африка се осеќаш побезбедно од Аргентина. Е тоа ти е Аргентина, стари мој.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.555
Поени од реакции
26.280
Драга,

и Скопјаниве од утре нека почнат наместо да кажуваат дека од Скопје се да кажуваат од метрополата или од главниот. Многу поинтелегентно ќе делуваат а башка и поинфлуенсерски е кога се снима лајв да се просераваш така.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.350
"Не, не можам сега, излезен сум на протест за работнички права. Да.. да, со мене е НАТО знамето, фала богу, не ме слушаш изгледа, ти реков, на протест за работнички права сум излезен, фала богу дека е со мене знамето од НАТО... да... да..ајде, се глеаме после, ќе праиме кафица обавезно"

1714720357394.png
 

Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.777
Поени од реакции
2.919
Драга,
Голем ден е денеска, и затоа да се воздржиме од лоши мисли,
Имај си убав празничен ден, јас денес не фарбав јајца, ама затоа утре му се спремам цела гајба да офарбам, имам црвена боја, такви ги сакам традиционално, црвени џиш, да светкаат.:backa:
 
Последно уредено:

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.555
Поени од реакции
26.280
Драга,

дали има некоја слободна за фарбање јајца ?
Треба само две да ми офарба, кармин црвено.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom