Драга Кајгана (виртуелен дневник)

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Океј, стој. Стој, застани, одмори, пауза.

Вчера бев на свадба и бев напраен флека. Бев напраен тезга, патлиџан, постер, ѕид. Значи бев напраен... тотално.

Денес се будам, уште сум пијан. И почнува да ми текнува...

... @Peja989 ме остава со кола пред зграда откако праевме муабет за курвите и животот. Ја се качувам горе, влагам ко мајор у касарна и викам „МАЈКО! ЈА ИДАМ У БОЛНИЦА!“. И си излагам... а женава од спиење срипува од памет се вади ебате...

... пред болницата муабет со браќа Албанци кои таму ги запознав, чија приказна беше дека дошле пошто некој од нив ја скршил ногата откако играле фудбал. Па они го чекаа другаров да излезе, а ја праам муабет со нив, и стварно беа фини дечкиве, заебанции праевме, дадоа некоја цигара. Али сеа коа размислувам, не држи вода многу приказната, стварно игра некој фудбал у 3 саат навечер? Како и да е, се договоривме со Баки од трети кат (така го претставија) да ме викне ако некад им треба напаѓач за фудбалче... :D

... се јавив на другари да ми праат друштво пошто ми е досадно (У 4 СААТ САБАЈЛЕ) и луѓево сфатија што ми се дешава и дојдоа да помагаат. Они ме тегнат, ја си одам лабаво по булевар, а коли шибаат околу нас. Три пати мислам дека лесно можев да бидам прегазен... :facepalm:

... испушив едно 40 цигари, се расправав со све и свашта, праќав видеа, другариве ми викаат „ти не викна за да те носиме, и коа дојдовме сакаше да не тепаш“ :ROFLMAO:

... седиме пред влез со другариве, го глеам татко ми се враќа од работа. КРИЈ ЦИГАРИТЕ, држ, земи. Татко ми ме прашува шо сме праеле, као сме прошле бла бла, ја му мењам тема му викам „абе ливерпул тепаше 4-1!“. И толку негде памтам, денес ми викаат дека за дамла пијан човек добро сум се понашал пред него и веројатно не приметил :popce:

И денес се будам, нема потреба да го опишувам мамурлакот. Али се разбудив со една цел, а тоа беше да идам да си купам пица од Џакомо. Се јавив и нарачав една средна капричиоза, нејќев достава пошто сакав да шетнам на воздух малце. Идам, зеам пицата, али не можам, прегладнет сум. На првите клупи фатив да ја јадам ко бездомник што нема јадено две недели...

Се враќам дома, читам за земјотресот сабајле, сите у паника биле, статуси фрчат, луѓе навечер искачале надвор. А пијан Рики спие ко заклан, нит земјотрес го буди нит ништо.

И ајдеееееееееее... пак земјотрес. Овојпат не само што го осетив, туку и тоа ме отрезни. Мачката ми ја нема. Проверувај сегде, кидавела. Викаме рипнала низ тераса или прозор пошто страв и било од све што мрда и нема кај да се крие. Дури гуглав ебате "how do cats behave during an earthquake". Излагам надвор, низ цело маало „мац, мац, мац, господин предалооо!“ (да, мачорот ми се вика Господин Предало, сисајте, најбоље име е). И ми се јавува татко ми, „доаѓај ајде, да видиш кај е“. Мачоров се скрил под каучот у дневна, влегол низ некое тесно дупче, и седел скриен измеѓу јоргани, затоа не сме го виделе. Дур го пишував ова, проверив и лудакот уште е таму. Ќе излезе у ноември гарант.

И така ете, сеа седам, ја дојадувам пицата и чекам да видам што друго ќе донесе денов :brlav:
 
Последно уредено:

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Значи стонери, наркомани, џандари, комарџии, крадци не трпам. Не изгоре 500 денари за еден маме му ебам цел ден луѓето работат за толку. Ќотекот ама јас си знам...

Први три бода за Победа Битола ја шетаме како и секогаш, ѓеврек со маслинки јадев, и кога те видов тебе се разнежнив можеше да земиш слободно да ме галиш, големо Теди мече и имаше да предам како маче. Ама не јас не признавам затоа што сум големо мажиште а и тревата пишува тука :icon_lol:.

 
Џ

ЏинЏер

Гостин
К,

Една кратка случка од вчера.
Седевме со дечко ми кај мене и нешто и фрлив пик на една стара вазна што ми стоеше на маса и многу ме нервираше. И бидејќи е повисок, го замолив да ја качи врз висечите у кујна, да не ја скршам случајно. И нормално, ја качи. Ја гледам некои 2-3 минути и му викам:
- А можеш ли да ја поместиш малку поназад?
- Зошто, што и фали тука?
- Абе ништо, ама ако има земјотрес може да падне и да се скрши.

Цел ден ме пцуе денес, може од утре ќе немам дечко.
Битно на вазната ништо не и се случи.
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Ова беше еден од тие викенди, на кој со задоволство ќе се присетувам во наредниве години. :)
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.244
Поени од реакции
8.316
И на 25 години сфаќаш дека опозиција ти е уствари најголема капиталистичка измишњотина.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Види ги ти мртвиве на каков ден, каква вест споделуваат за земјотрес во ТАНЗАНИЈА.

Пу, мртва мајка да ви ебам!
Колку кликови сте направиле, толку пати у аптека да одите по лекови, крф ви ебам несовесна.
14355182_1247745981910622_2334383786947742976_n.jpg
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Драга Кајгана,
Постојано читам и слушам за тоа како луѓето викаат дека е земјотрес, не е ништо страшно, ако било пишано кај и да бегаш ќе те стигне, а некои дури и се шалат на сметката на она што се случи/случува во Скопје. Искрено неможам да сфатам како некои луѓе размислуваат во вакви случаи. Зар треба да настане нешто полошо, да има жртви, повредени луѓе, да се слуша плач, врискотници............, за да почнат да ја сфаќаат работата сериозно? Стварно незнам што да речам за ваквите луѓе.

Туку се надевам дека повторно нема да има земјотреси и се ќе биде добро:semolam:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom