Passed down to you...
Во моето маало каде веќе ја раситнувам 30ката имавме еден лик кој од субјективни причини тука ќе го наречам V. Веома врло интелигентно чељаде, некои 10-15 години постар од мене. Како помал се сеќаам се истакнуваше со својата интелигенција, знам јас бев 10тина години, седиме кај кошот, се избацуваше типот, знаеше многу работи за шемите низ Скопје, беше доста начитан, свиреше гитара, уживаше доста позитивна репутација во маалото. Секој што прашал за V, се знаеше дека го бара за некаков совет или дружба, така да го викавме доле да се симне, иако не беше човек што стои на располагање нон-стоп, но не` дружеше како и нас помладите, така и неговата генерација на постари маалски „фраери“.
Некаде 2000та се случи некој пресврт. Дали ради девојка или работа, типот начисто швркна, преку ноќ се претвори во дворски шут. Секако дека ние (тогаш малку потпораснати) не сакавме да веруваме во тоа, така да го викавме да искача, да се дружи со нас, на што тој и прифаќаше. Но наместо неговиот позитивен и ведар дух да ни` влева барем малку оптимизам, човекот почна со конфликтни муабети, со најситните можни нешта да се занимава, стана опседнат со другите животи (а со тоа подоцна како што увидовме беше опседнат со своите маани), правеше ексцеси... А не дека беше глуп, едноставно целосно го усмери трошењето на енергијата. Знам дека ние игравме баскет, ќе се појавеше, ќе изнафрлеше петарди по нас, ќе се смееше како улав, ќе плукаше... Најпрво го жалев, но како помина времето, во последниве 5 години уво не ме болеше, иако сега подоцна се` помалку излегуваше и стана толку таинствен што го гледавме да се рече еднаш во месецот како се влечкаше по плочникот како умоболен бездомник на кој децата го маваа со камчиња. Деновиве дознав дека тој тип го напуштил овој свет и завршил на парцела во Бутел.
Да ме прашаш денес, воопшто нема да ми падне жал за таков истрошен материјал на дворски шутови. Не дека има вакви примери еден мал милион и во живо и во виртуелниов свет, а особено тука на форумов, едноставно тие ликови пред да скренат ментално имаа општо право на избор дали да бидат подобри луѓе или не. Секој ден на секој човек е еден вид на предизвик на избор. И секако, со секој избор човекот треба да биде подготвен за последицата да ја сноси, било таа била позитивна или негативна.
Ебати животот ако животна желба ти е да си трошиш време со небитни срања, фрустрации што некој некогаш одамна ти ги нанел но денес си го тера животот исполнето и уво не го боли за тоа како ти изиграваш виртуелна будала во интернет заедница.
So says Saladin...