![Лут :mad: :mad:](/styles/default/xenforo/smilies/mad.png)
Добро, за да завршам работа они можат да ми дадат рокови некои минимални, па ја да окапам да ми истечат очи две - три ноќи, а кога треба да ми пуштат парите ај денес ај утре.
Веќе почнувам да мислам дека судбината ми е таква, да имам пари, а да ги немам. Имам еден должник, ајде тој, должник е преку 5 години веќе, на извршител е што го ебам.
Лани соработував со еден абдал, му давав процент, цела пролет едвај се наплатив, се коцкал со моите пари.
Сега со овие, убави парички се, рачунав и јас и моите на тие пари, еве на, „ги пуштиле во понеделникот, треба да легнат на сметка“ па пичка му мајчина гулаб да не ги носи тие пари ебате, колку време легнуваат на сметка, или можеби сеуште ги немате пуштено. Од крај на март ги нема.
Што е најстрашно, буквално немам никаков простор за маневра, што ме нервира дополнително.
И така еве сум сега, лесно депримиран, бааги нервозен, дури ми избива на агресија. Негативност извира од мене до безкрај! И затоа ќе си се затворам во соба, не одговарам на телефонски повици и на ФБ на блиски, пошто сум незгодно копиле во вакви моменти, па така најдобро за сите.
Еве сега си велам ај да проверам сметката и да седнам онака сам да испијам една вода, кога ете ти ги ми се клапнаа другар со девојка му, кои инаку ме избегнуваат поради мојата искреност, сега решија да ме дружат. Е за да не ги отерам во мајчината како што сум нервозен и лут, си допив водата, им кажав пријатно и си отидов.Пичка им мајчина и на нив. Вечер ќе излезам на пола саат, колку пак да ја проверам картицата и ќе испијам една вода у град и пак ќе си се затворам по дома.